Родител од Прилеп пријавил во полиција дека неговиот шестгодишен син се изгубил во Тетово и е исчезнат.
На детето му била изгубена трага на 18 мај околу 20:00 часот, кога си играло на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово.
– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син. – информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето. Семејството привремено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо. – информираат од СВР Тетово.
По детето сеуште се трага и се превземени сите мерки за негово пронаоѓање.