Васил Јанкула, храбро момче од Мала Преспа, успеа да ја совлада 30 километарската стаза на Охридскиот меѓународен атлетски маратон – објави весникот “Илинден”. Васил боледува од детска церебрална парализа, но и покрај големите здравствени проблеми Васил успеа во својот предизвик каде беше еден од учесниците на 32 издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон кој се одржа по повод 8 Септември, Денот на независноста на државата. Му беа потребни два часа да извози доста тешка стаза полна со забрзувања и угорници. Желбата и борбата дефинитивно беа помоќни од болеста.