На социјалните мрежи се вртат повеќе објави и сведоштва на поединци за состојбата во, и околу Македонскиот парламент за време на гласањето за ратификација на Договорот за членсто на Македонија во НАТО алијансата.
Имено според овие сведоштва станува збор за постоење на неколку кордони на безбедност околу парламентот со поставени барикади и режим за ограничено движење на неовластени лица во безедносниот периметар околу парламентот.
Се чини дека со ваквата постапка власта толку многу го сака својот народ што не дозволува народот да дојде и да ги прегрне за “историскиот успех” кој што го постигнаа актуелната гарнитура на властодршци во државата.

Во Македонскиот парламент вчера беше ратификувана Спогодбата за ратификација на Договорот за членсво во НАТО алијансата од страна на 114 пратеници од сите политички партии застапени во парламентот. Донесувањето на оваа Одлука е со одложно дејство со оглед на незавршената ратификација на самата Спогодба од страна на шпанскиот парламент.
По ваквиот чин пред Македонското собрание беше подигнато на јарбол знамето на НАТО со почесна стража на припадници на Армијата чие што име се проблематизира во постапката за донесувањето на новиот Закон за одбрана каде же бидат вметнати одредбите за обврските на Македонската армија во однос на НАТО Алијансата.
Фото извор: Фејсбук


