Интегрален текст на прес конференцијата на Весна Ничева- кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во третата изборна единица од Штип:
“Изминативе години културата беше клекната на колена. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ во проектот Обнова предвидува низа мерки за враќање на достоинството и идентитетскиот образ.
Во нашиот град се предвидува модернизација и реконструкција на установите од областа на културата.
Предвидуваме и зачувување и унапредување на македонскиот јазик преку поддршка на активности кои го поттикнуваат читањето кај младата популација, -континуирано збогатување на е- библиотеките со изданија на македонски јазик
-Ќе го поттикнеме развојот на културата кај сите заедници во државата.
Ќе направиме континуирана валоризација на недвижности културно наследство, регистар на културни добра и нивна промоција.
Преку дигитализација на културното наследство, осовременување и опремување на институциите ќе го ставиме културното наследство во служба на туризмот.
Предвидуваме поддршка и стимулација на музичкото, сценското, драмското, ликовното, филмското и книжевното творештво.
Кадарот во културата ќе се зајакне и ќе ги добие сите привилегии кои ги заслужува, а ќе се развијат и креативните индустрии.
Ова е дел од предвиденото за развој на културата.
Обновата се обврзува на ставање на културата на пиедесталот и нејзин развој и напредок!”