Почетокот на кампањата за вториот круг за градоначалник кандидатот од СДСМ-Штип Благој Бочварски ја започна на морбиден начин. Имено, на социјалните мрежи се појави видео клип на кој еден од неговите другари и верни поддржувачи на СДСМ по име Сафет Али изјавува како посакува смрт за градоначалникот Илчо Захариев со зборовите „Бог да го просте градоначалникот Илчо Захариев нека му е вечна слава“.
Видеото брзо се рашири по социјалните медиуми при што од коментарите на граѓаните на Штип може да се забележи дека се видно вознемирени од ваквиот потег на поддржувачите на Бочварски и од самата партија СДСМ.
Меѓутоа, ова не е прв ваков случај на црна кампања, самиот кандидат Благој Бочварски веројатно во недостаток на доволен рејтинг во првиот дел од изборната кампања се служеше со измислени црни видеа во кои сакаше да прикаже некоја лажна измислена слика за актуелниот градоначалник Илчо Захариев. Граѓаните на Штип веројатно ги препознаа овие негови манипулативни и крајно недемократски методи па и затоа го казнија со изборен пораз во првиот круг од локалните избори во Штип.
Инаку сторителот на ваквиот морбиден чин Сафет Али често може да се забележи дека е во друштво со Благој Бочварски при што и од разговори со него тој лично изјавува дека е голем пријател и поддржувач на истиот.