• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Видео:Груевски, пет месеци секој ден тортура, застрашувања и манипулации

октомври 25th, 2017 Македонија, Регион коментари 753

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Облешево порача дека кандидатот на таа партија за градоначалник на општината Чешиново-Облешево е човек кој нема да ги изневери жителите

Пет месеци во Македонија ништо не се случува во делот на проекти. Нема нови инвестиции, нема нови проекти, нема нови спортски сали, нема нови училишта. Тука се догради мултифункционалното игралиште кое го почнавме во март. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имавме секојдневно нови објекти, дали тоа беа градинки, дали тоа беа училишта, дали водоводни мрежи, канализациски мрежа, игралишта итн. Сега пет месеци, апсолутно ништо, истакна Груевски.

Посочи дека нова Влада досега има само завршено некои работи кои веќе биле почнати од ВМРО-ДПМНЕ, или ги стопираат проектите на претходната Влада. Според Груевски, во моментот има целосно замирање на градбите.

-Гледајќи да го сокријат тоа нивно неработење покажаа дека се големи неработници. Практично цело време ни продаваат ветер и магла, ни продаваат живот, ни продаваат воздух, ни продаваат нешто што го имаме, рече Груевски, додавајќи дека на граѓаните не им е потребно тоа, бидејќи веќе го имаат, посочувајќи дека на граѓаните им требаат капитални проекти.

Тој нагласи дека на граѓаните им требаат ветувањата кои СДСМ ги даде пред изборите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ само лаже, потенцирајќи оти тие се во можност да ветат се пред избори, но потоа не остваруваат ништо.

-Ќе видите после една година што ќе мислат луѓето за нив, кога ќе видите колку многу луѓе се излажани, кога ќе си кажат помеѓу себе кому што му било ветено, па кога ќе видат дека иста работа била ветена на којзнае колку луѓе. Тоа е СДСМ, нечесно. А на Заев не му излегува зборот „чесни“. Кој си ја има мувата на капата… Цело време зборува за чесни политичари, дошле на власт сега чесни политичари. Замислете Заев и чесни политичари заедно. Па ќе донеле чесни политичари на локално ниво. Сега чесниот Заев ќе донел чесни политичари на локално ниво. Демагогија до демагогија, лаги до лаги, посочи Груевски.

Вели дека СДСМ сега се фали оти ќе ги зголеми даноците, иако претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги намали даноците и да доведе Македонија да има најниски даноци во светот. За тврдењата на владините претставници дека тоа нема да биде на штета на граѓаните, Груевски праша на чија штета ќе биде зголемувањето.

-Тоа е потценување на народот. Класично ве потценуваат. Јас не можам да ви опишам како ве потценуваат. Во било која друга држава една Влада да каже дека ќе се качат даноци, се тресе земјата. Кога ќе качат даноци паѓаат Влади. Овие овде кај нас се фалат дека ќе ги качат даноците и викаат „сега излезете гласајте за нас“, потенцира Груевски.

Според него, СДСМ постојано зборува за демократија, а кај народот влева страв со притисоци, закани и како што рече, полицијата стана партнер со криминалците. Груевски вели дека масовно се делат пари за поткуп, а институциите молчат затоа што се вмешани во овие работи. Тој појасни дека градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев секој ден бил следен од три цивилни возила, како и оти финансиската полиција влегла во општината уште првиот ден по првиот круг од локалните избори.

-Секој ден тортура, секој ден застрашувања, секој ден манипулации и истото се случува на други места. Тони Трајковски од Гази Баба ми кажува дека во Јурумлери секој ден исти човек дели пари, „пријавуваме, јавуваме, зборуваме, полиции, но никому ништо“. Тоа е така зашто полицијата ја ставија во партиски цели. Во Новаци им се закануваа дека ќе ги избркаат од РЕК Битола, а во скопски Бутел, полицијата, активистите на СДСМ и криминалното подземје се едно, исповрзани и во најголемо партнерство. И каде и да одам ми кажуваат дека се случуваат истите работи. Истите работи ги прават насекаде, појаснува Груевски.

Порача дека СДСМ со ваквото делување нема да успее да ги скршат. Вели дека марионетските влади не траеле долго, зашто тие работеле само за туѓи интереси, а не за интересите на граѓаните. Груевски им порача на граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде покрај народот и секој со биде со нив.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ работи на тоа да ги исплаши сите оние кои покажале дека си ја сакаат татковината, правеле документарни филмови за македонските дејци или учествувале во изградба на спомениците на македонските херои.

-Красниќи на слобода, Едмонд Темелко во затвор. Едмонд Темелко е човекот што е еден од најголемите борци за човековите права на Македонците и единствен Македонец градоначалник во друга држава. Тој е затвор, а Красниќи на половина од издржувањето на казната на слобода, рече Груевски.

Вели дека СДСМ пред изборите ветуваа 500 евра просечна плата во Македонија, но таа сега се намалува. Посочи дека СДСМ ветуваше нови инвестиции, но засега во Македонија нема влезено ниту една нова странска инвестиција. Рече дека сите економски параметри покажуваат оти економијата во Македонија тоне.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ не заборави да го склучи, како што рече, штетниот договор со Бугарија.

-Ако се усвои во Парламентот, Република Македонија планира да се откаже од своето малцинство во Бугарија. Да се откажеме од македонскиот јазик и да прифатиме дека ние не сме имале историја до ’45 година, туку дека сме биле дел од бугарската историја. Дека 1941, кога македонскиот народ се кренал против фашистите, не било востание на Македонците против фашизмот, туку дека било интерен конфликт помеѓу различните групи на бугарското население во Македонија и дека Илинденското востание не било македонско, туку било бугарско. Во тој правец планираат да ги дотераат учебниците, истакна Груевски.

Побара одржување референдум за договорот со Бугарија за да се види дали народот го поддржува тој договор или не. Според него, СДСМ има шест точки преку кои ќе ја редефинира државата. Тоа се промена на името и идентитетот, договорот со Бугарија, носење мигранти од Азија и Африка и нивно трајно населување, зголемување на даноците, двојазичност на целата територија, легализација на хомосексуални бракови.

Груевски во говорот појасни дека кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во општина Чешиново-Облешево имало вкупно 560 вработени, а кон крајот на 2016. година таа бројка била 1.570. Најави дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ, децата од прво до петто одделение во сите општини, вклучувајќи ги и оние во Чешиново-Облешево ќе добијат бесплатен оброк.

-Општината Чешиново-Облешево и Горанчо Зашов ќе овозможат можности за граѓаните за стекнување со сопствен дом, оние кои го немаат. Да добијат земјиште со симболична цена од едно евро по метар квадратен за градба на куќа и да бидат или ослободени или со силно намалени комуналии за таа градба. Нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирани улици и каде ќе се трудиме да правиме парк во секое маало. Се ветува и доизградба на останатиот дел од водоводната мрежа, најави Груевски.

Груевски: Пет месеци секој ден тортура, застрашувања и манипулации

由 Брегалнички.мк 发布于 2017年10月25日

 

  • Ознаки
  • застрашувања и манипулации

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ги намали даноците на најниско ниво во светот, додека СДСМ ветува ново зголемување на истите
Следна објава Пример за саможртва за својата вера, денес е Света Злата Мегленска
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 423
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 630
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 580
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 676
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 604
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 478
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1576
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1218
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.