Непознато лице дојде пред Кривичниот суд Скопје 1 и нешто му кажа на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР интервенираа, му го одзедоа ранецот што го носеше со себе и најверојатно го однесоа во полициска станица.
На видеотот може да се забележи дека лицето има нешто врзано на појазот, а еден од снимателите присутни пред судот коментираат: „Ние се зае*аваме, овој динамит имаше бе човече“
Денеска во Кривичниот суд Скопје 1, Скопје се соопшти пресудата за 37-темина обвинети во случајот „Диво Насеље“ каде што вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група. На обвинетите им се суди за тероризам и терористичка организација.
Видео: Јутјуб А1он
Извор:Јавно.мк


