• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

УГД ќе организира настан „Наука за живот“

ноември 2nd, 2017 Регион коментари 879

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со поддршката на научноистражувачката дејност преку својот Фонд за научноистражувачка дејност. Од овој Фонд, од овој месец, се предвидени средства за финансирање на 64 нови проекти, најави на прес-конференција ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

– Оваа година се активни проектите, 64 нови научни проекти кои ги поддржува УГД и тоа е убава можност нашите вработени да можат да истражуваат, да одат на конференции, да објавуваат трудови, да одат на најразлични конференции каде што ќе можат да ги претстават своите остварувања, да се вмрежуваат во други универзитетски и истражувачки мрежи. Тоа е значајна количина на нови научни проекти и значаен придонес во развојот на науката на УГД. Од оваа година се активни и студентските проекти за наука. Имаме над 20 проекти кои се наменети за студентите, каде што тие заедно со професорите прават истражувачки тимови и работат на одредени истражувачки теми. Секој проект годишно се финансира со сума од 3.500 евра. Застапени се сите области кои ги покриваат факултетите на УГД. Тоа е значаен фонд кој Универзитетот го прави од своите ресурси, во своето менаџирање на средствата со кои располага  и кои ги обезбедува во соработка со бизнисот, со стопанството – изјави ректорот Боев.

Во рамките на поддршката на науката, УГД ќе се обиде да даде еден нов импулс со иновативен и авангарден пристап во промовирањето на науката, кој ќе биде презентиран по повод Денот на науката – 22 ноември.

– На 22 ноември во Мултимедијалниот центар на УГД организираме еден настан „Наука за живот“, кој има за цел на еден промотивен, попристапен начин за јавноста да се презентира што значи науката. Мислиме дека овој настан ќе биде значаен исчекор во поглед на она што значи наука во Република Македонија. На тој настан ќе говорат еминентни говорници во делот на науката од една страна, а од друга и еминентни луѓе во делот на културата и она што значи спој на културата и науката, и она што значи живот во науката. Реков, науката сама по себе може да биде релативно досадна, но ако биде претставена на некој поафирмативен  начин може да биде значаен сегмент во привлекувањето на младите да се занимаваат со неа. Мислам дека никој не може да обезбеди подобро живеење за граѓаните доколку нема добро образование и добри истражувачки активности. Тие можат да го поткрепат тоа образование во делот на развојот на помодерни содржини во наставните планови и програми за да можат тие млади студенти кои доаѓаат да добијат соодветни знаења што се потребни во животот. Кое било образование што им го давате на студентите доколку нема во себе елементи со кои тие ќе се носат во животот, тоа е пропуштено образование.

УГД досега финансираше околу 150 проекти од сопствени средства. Со тоа УГД има и една научна база, репозиториум, каде што се наоѓа сѐ што е сработено во делот на истражувањето и науката, а со тоа УГД може да се гордее со Фондот за наука. Во делот на истражувачките капацитети, УГД има солидни лаборатории и опрема, но секогаш има потреба од вложувања, бидејќи тоа е процес и мора да се следи трендот на напредокот во техниката и технологијата. Во таа насока, УГД досега добро ги одржува тие капацитети, но се потребни интервенции за да може во континуитет да се врши обновување на опремата, доопремување на одредени лаборатории, развој на нови истражувачки лаборатории и нови методи кои бараат нова опрема. Тоа е процес во континуитет кој го прави Универзитетот. Ректорот Боев најави и една новина во поглед на активностите на Лабораторијата за животна средина и електронска микроанализа, која и досега има мрежа за мониторинг на воздухот, односно присуството на цврсти честички во него во неколку градови во Македонија. Се планира да се постави мерна станица и во Штип.

– Ние имаме намера да разговараме со новиот градоначалник на Штип и како УГД ќе понудиме една станица која ќе ја монтираме на локација што ќе ја одреди локалната самоуправа. Тоа ќе биде видлива локација и граѓаните ќе можат да ја видат таа мобилна станица и таа во континуитет ќе ги дава состојбите. Сите граѓани ќе можат да ги следат и на своите мобилни станици – најави проф. д-р Блажо Боев.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВИДЕО: Инцидент пред Основен суд Скопје 1 – „Ние се зае*аваме, овој динамит имаше бе човече“
Следна објава Пет штипски матуранти ќе се борат за награда од милион евра
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 511
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 752
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 673
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 766
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 723
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 608
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1532
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 479
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 708
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

673
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1406
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1479
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.