Пет млади штипски гимназијаци го освоија првото место на меѓународниот натпревар во Брисел во конкруеција на 25 старт ап бисниз идеи.
„Натпреварот е за старт ап бизниси, испративме апликација за да се натпреваруваме и поради добрата апликација сме преместени на повисоко ниво. Освоивме прво место во категоријата e-health или електронско здравство“ истакна професорот во штипската гимназија Петре Петровски.
Штипските гимназијаци на апликацијата работеле месец и половина и истата била презентирана пред потенцијални инвеститори.
„Планот ни е прво да произведеме прототтипи и да видиме како ќе им се допаднат на публиката во Македонија и планираме до март да произведем каталози. Тоа ни е главна цел да најдеме приватни инвеститори за изработната на прототипи“ кажа Никола Патраклиски ученик во СОУ „Славчо Стојменски“.
Натпреварот во Брисел ќе се одржи во март идната година и сите трошоци за учество на истиот вклучувајќи ги и авионските билети се покриени од менаџментот на гимназијата.