Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавноста сподели видео од дрон на кое што може да се види обемот на градежните работи на изградбата на улици во населбата “Балканска” во Штип. Притоа тој најави дека во наредните денови ќе заврши изградбата на сите краци на улици.
“Продолжуваме со асфалтирање во населба Балканска, во наредните денови ќе бидат завршени и последните неасфалтирани краци од улици.”
-соопшти градоначалникот Јорданов.


