• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Виктор Камиловски ја обвини власта за досега најголем скандал во Македонскот здравство

јули 21st, 2018 Македонија коментари 867

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа во врска “најголемиот скандал во здравството во историјата на независна Македонија. Скандал тежок 35 милиони евра.”

Овој скандал бил реализиран преку јавна набавка за потребите на Министерството за здравство и Министерот Венко Филипче која ја добила фирма која е основана во април оваа година со основачки капитал од само 500 евра без никакво искуство со набавувањето на специфичните материјали посочени во спецификацијата на министерството.

Почитувани граѓани,

Јавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал кои секојдневно вредно и пожртвувано работат, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ.

Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и  животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата?

Додека болниците мака мачат со материјали, медицински потрошен материјал, а пациентите се принудени сами да се снаоѓаат и препраќаат пациенти по приватни болници, си врват, си врват тендери тешки десетици милиони евра.

Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и  животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Власта со овој тендер покажа дека здравјето и животите на нејзините граѓани се помалку важни од 35 милиони евра пари со кои треба да се одолжат мега донаторите на СДСM.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и предупредува дека ќе дојде до овие нерегуларности со измени на законот за јавни набавки и укинување на советот. СДСМ свесно го смени законот за да може сега да гии дели тендери.

Почитувани граѓани и пациенти,

Никаде во светот неможе компанија формирана пред неколку месеци замислете април месец оваа година со капитал од само 5000 евра според тековната состојба на Централен регистар да добие тендер вреден 100.000 евра а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании.

Неофицијално, дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси се изненадени што на  тендерот се појавува нова фирма која досега не работела  со оваа проблематика ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот.

Со ова, според истражувањето на многу фирми кои се занимаваат со овој вид на дејност со набавка на реагенси велат дека самата спецификација уште на почетокот отворила сомнежи посебно што во условите се наведени карактеристики само внимавајте на еден производител, компанијата АБОТ.  Што значи уште на стартот биле технички исклучени другите фирми кои биле заинтересирани за овој тендер.

ВМРО ДПМНЕ пред неколку месеци предупреди дека на повидок е веројатно најголемиот скандал во здравството во историјата на независна Македонија. Скандал тежок 35 милиони евра. Оваа фирма треба во наредните три години да ги снабдува здравствени установи во државата со реагенси.

Она што е индикативно  е,  зошто е сменет член 17 од договорот со кој доколку не се испорачува од фирмата која ќе го добие тендерот Министерството за здравство  слушнете треба да плати оштета  од 5 мил евра, нешто што досега не постоело во праксата ниту во тендерските услови.

Од друга страна со нашите стручните анализи предупредивме  дека има нелогичности:

1. Во тендерската документација земањето на примероци е наведено од 8:00h до 10:30 часот во секоја институција. Се поставува прашањето што ќе се случува со итните пациенти после 10 и 30 часот во градовите каде што нема централизирани лаборатории.

2. Понатаму од стручните анализи: Се поставува прашање кој ќе го контролира транспортот на примероци до централизираните лаборатории бидејќи се работи за хуман биолошки материјал кој што подлежи на распаѓање и според кои протоколи ќе се спроведува истото?

          3. Предупредивме и за тоа кој ќе ја контролира и гарантира точноста на резултатите,  сo ваквиот начин на колекција и транспорт.

4.   Исто така

  1.        Големата раздалеченост на градовите до централизираните лаборатории е најголем несакан ефект  врз точноста на резултатите и здравјето на пациентите. Покрај тоа основна работа во биохемија, стручњаците тоа добро го знаат е сензитивност и специфичност на методи, а тоа со ваквиот начин на униформна  набавка е компромитиран?

Сето тоа се кои укажуваат дека со овој проект се загрозува здравјето на граѓаните, здравјето на пациентите низ цела Македонија, но затоа ги задоволија милионските апетити на младите момчиња, доколку тие навистина стојат зад фирмата што го доби тендерот. Дали оваа фирма е само параван зад кој се кријат бизнисмени блиски до СДСМ?

Според медиумските анализи, 35 милиони евра, под сомнителни околности го добива фирма „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ “која е во сопственост на 27 годишен граѓанин ПП од Нови Сад Република Србија а локален директор од Гази баба Скопје извесен АЈ.

Дали е точно дека оваа фирма е формирана додека траел техничкиот дијалог како што кажав на крајот на април оваа година и претходно не учествувала во ваква или слична набавка за на нејзе да и се довери ваков тендер од кој индиректно ќе зависи здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија?

Исто така многу важно: Дали и докторите и медицинскиот персонал, лаборантите и медицинските биотехнолози ќе ги изложите на непријатности и на опасноста да толкуваат резултати и да лечат пациенти со добиени погрешни резултати на крвта?

Дали докторот треба да верува на резултат на крвта кој патувал 100-тина км и повеќе? Дали  за тоа ќе барате после било каква одговорност од нив или пак можеби  ќе ги бркате од работа или пак ловење на вештерки само за да се замае фамилијата или јавноста не дај боже доколку некој пациент почине.

И на крај го прашуваме Министерството за здравство во што се состои заштедата на ова транспарентно коруптивна зделка што спектакуларно ја најавуваше министерот Филипче ако се знае дека пазарните цени на реагенси се 2 до 3 пати поевтини од понудените на тендерот. Така на пример пазарните цени на биохемиските реагенси  во количини кои се бараат во моментот изнесуваат некаде околу 368 милиони денари а понудените цени се 803 милиони денари, што значи скоро 3 пати повеќе од нормалното. Исто така  имунолошките реагенси чинат некаде околу 692 милиони а  понудените цени се околу 940 милиони денари. Моменталните цени на хематолошките реагенси на светскиот пазар во количините кои се бараат би чинеле околу 50 милиони денари а понудените цени се дури 207.769.000 денари слушнете, 4 пати повеќе.

Значи бесмислено е да се прави тригодишен тендер имајќи го во предвид фактот дека цените на реагенсите постојано од месец во месец паѓаат.

Затоа БАРАМЕ овој тендер да се прекине и министерството за здравство да се откаже од овој скап, сомнителен, но пред се штетен проект и го замолуваме Министерство за здравство посебно петочлената комисија која ги евалуира резултатите или веќе ги евалуирала да го чуе гласот на стручната фела како нивниот потпис свесно или несвесно ставен утре не биде предмет на обсервација на органите на прогон.

Доколку мислат дека сега, кога народот е загрижен дали и како ќе си го заштити својот националниот идентитет и името на својата држава во која се родиле, може да протнат сомнителни тендери тешки 35 милиони евра, многу се излажале.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма! Доколку оваа набавка не биде раскината ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ќе ја претстави пред меѓународните институции и ЕУ како најбрутален школски пример за кражба на народни пари по цена на здравјето и животите на граѓаните и пациентите во Република Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава 7 збунувачки илузии што нѐ држат заробени во матриксот
Следна објава Дали работењето од дома е подобро од работење во канцеларија?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 180
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 170
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 189
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 749
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 196
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 237
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 76
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 151
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 177
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1145
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1694
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА
Македонија

Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА

Фев 28th, 2020 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи
Македонија

Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи

Јун 22nd, 202019
Ова се граѓаните кои се декларирале како албанци за да се вработат во Инспекторатот за земјоделство
Македонија

Ова се граѓаните кои се декларирале како албанци за да се вработат во Инспекторатот за земјоделство

Окт 9th, 202019
Нова поштенска марка со ликот на Рацин
Македонија

Нова поштенска марка со ликот на Рацин

Јун 16th, 201819
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.