Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов од Карбинци во јавноста упати обвинување на адреса на Локалната самоуправа и Градоначалникот за негрижа кон јавната и комунална инфраструктура во општината.
Тој ги обвини владејачката СДС и локалната власт за пустош низ селата во општината.
Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение упатено до јавноста:
Во општина Карбинци жителите се сведоци на тотална негрижа на локалната власт. Инфраструктурата, парковите и се што е направено во минатото е во фаза на распаѓање.
Ниту животот дојде ниту европа со ваква власт.Две ипол години владеење на сдс и скоро две години локална власт само пустош низ селата.
како и неколку фотографии на кои може да се забележат руинирани јавна опрема, распадната комунална инфраструктура, неуредени речни водотеци, неуредена и руинирана патна инфраструктура итн.










