Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци со свој фејсбук статус се осврна за причините на катастрофалниот резултат кој го постигна Стево Пендаровски како претседателски кандидат поддржан од СДСМ, ДУИ и уште 31 политичка партија.
Во продолжение го пренесуваме ставот на Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци:

ЗАТОА ШТО ШАЈКА НЕМАТЕ ЗАКОВАНО ВО КАРБИНЦИ!!!
Затоа што се што ветивте за се излажавте!
Поради непотизамот и фамилијарните вработувања!
Поради ,,новата училишна зграда”
Затоа што го ,,решивте” проблемот со водата за пиење!
Затоа што ставивте 300 метри асвалт!
Затоа што месните заедници ги партизиравте!
Поради ,,решените” станбени прашања на
жителите на Нов Караорман!
Затоа што го заборавивте турското население и плачковичките села!
Затоа што излажавте дека ќе градите мост и реновирате пристапна улица во с.Карбинци!
Затоа што не го решивте проблемот со депонијата во с.Карбинци!
Затоа што излажавте дека ќе го уредите каналот ,,герен” во Долни Балван!
Затоа што заборавивте каде се наоѓа с.Крупиште!
ЗАТОА ШТО ШАЈКА НЕМАТЕ ЗАКОВАНО ВО КАРБИНЦИ!!!


