Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов излезе во јавноста со своја реакција во врска со незадоволството на жителите на оваа општина околу објавениот повик за распределба на државно земјиште од страна на актуелните власти и ресорното министерство.
Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:
Земјоделците од Општина Карбинци повторно мета на манипулации од страна на власта.
Имено, градоначалникот Јордан Насев пред само 3 месеци им вети правилна распределба на земјата, па макар и да се направат одредени измени на постоечкиот закон. Денес земјоделците повторно на штрајк и повторно ветување дека законот ќе биде сменет во интерес на сите земјоделци. Огласот е пуштен на 29.10.2019 за доделување на 44 ХА земја во атарот на село Таринци.
Истовремено Претседателот Паунов упатува директно прашање до надлежните околу можните сомневања за злоупотреба на ова државно земјиште од страна на власта:
Дали ова е намерно за да се додели земјата на олигарсите блиски на власта а земјоделците кои едвај крпат крај со крај повторно да бидат тапшани по рамо?!
-запраша Виктор Паунов при што со јавноста сподели релевантни печатени материјали во врска со ваквата состојба:



