НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 55
ПРЕСТАНЕТЕ ВЕЌЕ СО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Оној Забрканец,или Забрчанец(така некако се вика) кажа дека тие сега го чистат воздухот што претодни 11 години го загадувале вмровците.Дека навистина воздухот е загаден е точно зошто веќе 30 години постојано прдат во зданието,изградено од челникот (бан) на вардарската бановина во 1938 г.
Како скромен прилог,еве јас на Забрчанец ке му дадам кофа,сунгер и сапун,за полесно да му оди чистењето.На загадениот воздух од 2011 наваму се собираат ситни политички поени.Конкретно не се превзема ништо,а прашање е и дали е можно нешто да се превземе.
Јас цели 20 г.работев во фабрика за производство на филтри и имам скромни познавања од таа област.Како хемичар по вокација,горењето (оксидација е процес каде секогаш краен продукт е јаглерод диоксид (СО2) и водена пареа.Горат сите соединенија и елементи,освен кислородот.Тој не може да гори.
Тогаш во што е проблемот?Проблемот е во согорувањето на дериватите на нафтата и од нив произведените синтетички материјали.Кој ги согорува? Сиромашните луѓе (за соопствено греење) и лакомите бизнисмени ( за ,,заштеда,,на пари.Тие согоруваат секакви отпадни материи,кои најчесто се канцерогени.
Крајниот оксидационен продукт (СО2) е потешок од воздухот и предизвикува ефект на т,н,стаклена градина,,при што се доаѓа до зголемување на температурата. Како да се ослободиме од тој проклет СО2? Него го јадат растенијата,а тие ги има се помалку. И чаре? Во наредните децении да се енормно зголемат зелените површини а градежната мафија да се уништи.Тие за навек го уништија Скопје и другите градови.Таму каде што имаше зелени површини,сега се повеќекатници.
Каде се академиците од АНУСм,молчат како риби,а политичарите од сите партии крекаат како жаби! До кога?
Пишува: Крум Николовски


