Моментално вистинска драма се одвива на локацијата на пожарот кој што од планината Средна се префрли кон Пехчево и сигурно напредува кон селата Умлена и Робово.
Фронтот на пожарот е подолг така што зафатена територија е од селото Нов Истевник- маалото Пасјак па се до падината од спротивната страна кон југ од врвот Бејаз Тепе.
Огнени јазици од над 30 метри во височина се шират во различни правци
Видео од страшната состојба во маалото Пасјак
Од сите страни стигнуваат апели и повици за мобилизација на повеќе човечки ресурси, но ситуацијата изгледа безнадежно.


