• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Владата и граѓаните на две различни линии во оваа вонредна состојба

април 16th, 2020 Македонија, Политика коментари 691

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Владата и граѓаните на две различни линии во оваа вонредна состојба

Прес конференција на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски:

“Борбата против корона вирусот за власта значи декор, прес конференции и надмудрување. За народот значи губење на здравјето, борба и страв за своите животи. Овие безмалку два месеци гледаме серија на пропусти, недозволени грешки, а Владата делува дезориентирано и загубено, 

Тие се посветени само на создавање на привид дека се работи нешто, а во суштина не се работи ништо. А најтешко е кога не се учи на грешките, и тоа се повторува како фарса, но таа фарса овој пат многу чини, чини човечки животи.

Куманово е тешко погодено од корона вирусот. Таму гледаме многу политика, многу партиски и внатрепартиски препукувања, а малку сериозни чекори. Предлагаме итно да се донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово  и бараме заради  терање политика и надмудрување во рамките на СДСМ  да не страдаат граѓаните.

Итно донесување на одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово со цел да канализира борбата со коронавирусот   и да почне да се решава овој проблем. Тоа треба да се направи уште денес.

Второто големо жариште кое се отвора е Прилеп. И оваа прес конференција помеѓу другото, сакам са споделам и одредени информации кои што се поврзани со Прилеп затоа што веќе се доцни со реакцијата, но барам барем целосно да не се промаши ситуацијата затоа што ако денес не се дејствува ми е страв дека ќе предоцна.

Оставете ја на страна политиката, подзапрете малку и со поткупот со брашно, шеќер и останати производи кои се делат по куќи, запрете ги и вашите внатрешни меѓупартиски препукувња, и посветете се кон народот. А таму ќе видите сериозно незадоволство, задоцнети мерки и огромен потенцијал за ширење на вирусот.

Во Прилеп имаме огромна прогресија на вирусот. Владата и Венко Филипче не тестираат доволно. Тоа е сериозен проблем кој не може да го реши ниту полицискиот час. Денес залудно е тестирање во Прилеп на дваесетина сомнителни случаи, кога други 40 чекаат на ред да бидат тестирани. Секој ден поминат без детектирање на заболените, значи ново заболени кои министерството не ги бележи, а за жал бројката постојано се зголемува.

Нашите информации се дека за жал во Прилеп бројката на заболени е далеку поголема од онаа која што е евидентирана. На тие луѓе им треба соодветен третман, на тие луѓе им треба помош  и им треба лекување. На тие луѓе треба да им се помогне за да се спасат човечки животи. Тоа не се прави затоа што не се тестира доволно.

И знам дека од министерството ќе излезат со некакви бројки статистики со кои ќе не убедуваат дека се тестира доволно. Вие седете со вашите бројки, а јас ќе го слушам народот, а народот кажува дека не се тестира доволно. А во бројките државава исто како и во економските мерки покажуваат дека сериозно паѓаме надолу во сите листи во споредба со сите останати земји не од Европа, туку од регионот, а за Европа не сакам ни да зборувам.

Во однос на Прилеп потешките случаи се префрлаат во Скопје каде што за жал исто така има лимитирани капацитети, но тоа пренесување на тешко болните кажува дека Прилеп се бори со недостиг на капацитети за справување со корона вирусот.

Апелирам веднаш Прилепската болница да добие респиратори, апелирам веднаш да се направи тестирање на целокупниот медицински персонал, апелирам веднаш да добијат соодветна опрема. Здравствените работници се нашите херои. Тие мора да се заштитени за да можат да помагаат и да се изборат со вирусот. Мора да добијат соодветна заштитна опрема како и услови за работа, за да можат да помогнат на оние на коишто во моментов се најпотребни.

Загрижувачки е и фактот што Битолската клиничка болница е во опасност, откако се потврди дека еден пациент заболен од коронавирусот лежи во Битолската болница. За резултат се чекало дури пет дена. Што само ги потврдува нашите предупредувања  дека за резултати од тестовите се чека помеѓу 5 и 7 дена што е недозволиво долго време. Тоа чекање доведува во опасност многу човечки животи, тоа чекање може да исфрли цели здравствени системи надвор од фукнција и дополнително да загрози човечки животи.

За ова чекање и доцнење на резултати од тестовите, како и недоволно тестирање, одговорност мора да има сега и веднаш. Не смее да се повтори случај како Битолската клиничка болница, не смеат да се повторуваат случаи како во Прилеп и во Куманово.

Предлагаме Владата веднаш да прогласи кризна состојба и во Прилеп, за да се стави под контрола ширењето на вирусот. Така ќе се зголеми контролата и директно ќе се влијае на намалување на ширењето на вирусот и ќе се спасат човечки животи.

Веднаш денес прогласување на кризна состојба во Куманово, и веднаш денес прогласување на кризна состојба во Прилеп.

Ова можеби на некои од власта ќе им звучи панично, на некои може ќе им звучи забавно, но реалноста е дека се губи контрола во овие два македонски градови. Затоа е потребно идно дејствување.

Не е време за политика и политиканство, време е за дејствување и време е за спасување на човечки животи. Тоа е она што е најважно во овој момент и затоа апелираме сериозно да се посвети внимание на овие два македонски градови како два најголеми жаришта во моментов во Македонија.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Оливер Спасовски со службени возила во партиски штаб во Куманово држи состаноци во време на Вонредна состојба, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Љубомир Цуцуловски: ПАРАНОРМАЛНИ ПОЈАВИ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 671
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

884
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3106
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.