Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска на посебна прес конференција јасно и гласно ги декларираше ставовите на партијата по однос на промената на Уставот со која се промени името и идентитетот на Република Македонија и Македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ги порази овие криминални проекти,
-укажа Мисајловски мислејжи на криминалните активности со кои што изминатиот период владата на Зоран Заев владееше.
Во продолжение Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски го соопшти планот на ВМРО-ДПМНЕ за најболното прашање на Македонскиот народ- промената на Уставното име на Република Македонија:
Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги корегира штетите кои Зоран Заев ги направи на Република Македонија!
ДА! ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира Преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство. И тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив. Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега. Бидејќи странските инвеститори нема да ја заобиколуваат земјата, притиснати од рекетот на соработниците на Заев.
Овие зборови на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се директна и јасна гаранција за намерите на партијата во борбата за зачувувањето на Македонските национални интереси во периодот кој претстои.
Во продолжение погледнете ја целата прес конференција на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој зборува за овие намери на партијата по победата на претстојните парламентарни избори.


