Во синоќешното свое гостување во емисијата “Жешко политичко лето” која се емитува на програмата на Канал 5 Телевизија, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за повеќе актуелни теми со директни одговоре на поставените прашања што во голема мера ги исцртуваат контурите на актуелната политичка борба на опозициските сили против властѕа предводена од СДСМ, ДУИ и БЕСА.
Во однос на претстојните локални избори и во контекст на рејтинзите на политичките партии и капацитетот на опозицијата да се обедини за постигање на иста цел а тоа е соборување на режимот на Зоран Заев, Николоски го афирмира ставот дека е потребно сите опозициски гласови да се најдат на контото на еден кандидат кој што силно ќе се спротивстави на кандидатите на опозицијата ан претстојните локални избори поради природата на мнозинскио модел на избори.
Клучното што треба да го направат политичките партии во МАкедонија е да се обединат околу еден концепт на борба со организираниот криминал и корупција и промена на оваа корумпирана и неспособна власт. Затоа потребно е сите гласови да се на едно место,. Да не заборавиме дека ова се мнозински избори, дека ова се избори каде што со еден глас плус или минус се добива или се губи градоначалник и затоа е потребно да се сите гласови на едно место. 100 гласови за помала политичка партија можат да значат шанса за Зоран Заев. Затоа гласот за здружената опозиција, гласот за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе ја предводи здружената опозиција е глас за рушење на оваа влада. Гласот за помали политички партии кои што би останале надвор од здружената опозиција е всушност глас за Зоран Заев.
-истакна на почетокот на емисијата Александар Николоски.
Целото гостување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го погледнете во продолжение.


