Како одговор на партиска прес конференција на Општинската организација на СДСМ во Штип, со свое писмено соопштение во јавноста се огласија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Истото го пренесуваме во целост:
“Власта е лицемерна! Пред камери се положуваат цвеќиња, а зад затворени врати се скратуваат средства за настани кои имаат долгогодишна традиција. Срамно е што општината одвај предвиде средства за чествување на поетот и тоа на инцијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно е што на настанот за кои беа одделени средства немаше ниту еден претставник од Општина Штип или од советничката група на СДС, за кое на социјалните медиуми е поткрепено и со докази. А уште посрамно е тоа што луѓето кои го распродадоа македонскиот идентитет и ја уништуваат македонската култура, полагаат цвеќиња на дејците кои оставиле траг во македонската историја. Но, граѓаните немаат кратка меморија. Свежи се сеќавањата за тоа кој потпиша капитулантски договори и кој стави црн печат на македонските национални интереси. “
-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.


