Во своето обраќање во јавноста новиот министер за транспорт и врски во владата на Зоран Заев, Благој Бочварски иако намали дел од финансиите за изградбата на пругата кон Бугарија, сепак најави дека приоритет за него и оваа влада ќе била инфраструктурата и дека изградбата на пругата ќе продолжела.
Оваа пруга веќе нешто помалку од 30 години ја ветуваат различни гарнитури на СДСМ а на терен се поставени неколку столбови на мостови кои што околу 15 години стојат како споменици на нереализираните ветувања на претходните влади на СДСМ.
Дали сега ќе го гледаме истото сценарио во владиниот филм останува да проледиме во иднина.
За ова ново ветување на Благој Бочварски реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.
Нивната реакција ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Цел живот градиме пруга кон Бугарија, а како тргнало ќе ни треба уште два животи.
Далечната 1994, значи пред скоро 25 години или четврт век се градеше истата пруга – за Бугарија. Беше големо и помпезно ветување на Бранко Црвенковски. Ако победат тоа ќе го правеле. И победија, и нити направија нити срам и перде имаа.
Па така поминаа четврт век и сега пак ПРУГАТА. Пак ќе се правела. Пак грантови, пак кредити.”
-напишаа на фејсбук од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.


