Во свое обраќање до јавност од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово го обвинуваат Градоначалникот на општината Ѕвонко Пеќевски за штетно работење на општината, врз основа на последната одлука за измена на распоредот на сретствата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година.
Во продолжение го пренесуваме целосно соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово:
ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНА НА РАСПОРЕДОТ НА СРЕДСТВАТА НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО Е ПОВТОРНО НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО: Градоначалникот на Општина Берово уште еднаш може да се пофали со своето штетно работење за општината.
Имено, со последната одлука се врши измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Берово за 2018 година, на начин што пак се кратат средствата наменети за поттикнување на развојот на туризмот, одржување и заштита на локални патишта и улици, одржување на паркови и зеленило, па дури и од купување на опрема во Домот за стари лица, само за да ги покрие трошоците настанати од одржаниот Етно Фестивал во Берово, за кое нешто вети дека ќе бидат намирени од донации.
Неспособноста на Градоначалникот на Општина Берово ја турка општината во уште подлабока криза.
-соопштија од опозиционата партија во Берово.