• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

ВМРО-ДПМНЕ ОК Дeлчево: -Мира Стојчевска да размисли дали и како ќе гласа за промена на уставот на Р. Македонија

октомври 11th, 2018 Регион коментари 1316

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ВМРО-ДПМНЕ ОК Дeлчево: -Мира Стојчевска да размисли дали и како ќе гласа за промена на уставот на Р. Македонија

На синоќешната прес конференција членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево со Претседателот Горанчо Тодоровски согласно резултатите од неодамнешниот референдум организиран од страна на власта предводена од Зоран Заев, истиот го прогласија за неуспешен а Преспанскиот договор за мртов.

Притоа Претседателот Тодоровски ја искажа својата длабока почит кон  високата демократска и патриотска свест, на делчевчани, како и за покажаната храброст, истрајност и одлучност на мнозинството граѓани на општина Делчево да не дадат поддршка на капитулантскиот договор со Грција.

Во обемното обраќање беше упатен и повик кон актуелната пратеничка г-ѓа Мира Стојчевска од редовите на СДСМ

“добро да размисли како и дали ќе гласа за уставните измени со кои се редефинира државата, бидејќи народот ниту на парламентарните избори во 2016 година кои ги изгуби, ниту на референдумот, не и даде мандат и легитимитет за да гласа за капитулантскиот договор со Грција.”

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево:

Почитувани,

– На 30 септември граѓаните на Делчево и народот во Република Македонија не дадоа поддршка за промена на уставното име на Република Македонија.
– На 30 септември граѓаните на Делчево и народот во Република Македонија не дадоа поддршка за промена на националниот и институционалниот идентитет на Република Македонија.
– На 30 септември граѓаните на Делчево и народот во Република Македонија не дадоа поддршка за промена на македонскиот јазик, македонската историја, култура и традиција.
– На 30 септември народот кажа НЕ за погубните политики на СДСМ!

Иако на еден дрзок и безобразен начин, со манипулативно прашање под превезот за влез во ЕУ и НАТО сакаа да го прелажат,,, народот покажа мудрост и достоинство, одбивајќи да биде учесник во предавството за смена на уставното име, идентитетот, јазикот, историјата, културата и традицијата.

РЕФЕРЕНДУМОТ Е НЕУСПЕШЕН, ЦЕНЗУСОТ НЕ Е ПОСТИГНАТ!
ДОГОВОРОТ Е МРТОВ!

– Овој неуспешен референдум, сега можеме да констатираме дека е една неуспешна, прескапо платена анкета со пари на граѓаните, а спроведена од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери, за самопоништување на македонскиот народ. Со една жестока медиумска кампања и скапи спотови, на граѓаните им се презентираа придобивките од влезот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, свесно одбегнувајќи ја вистинската причина за распишаниот референдум, а тоа е капитулантскиот договор со Грција и штетните последици за Република Македонија од неговото стапување во сила. Ние постојано кажуваме дека сите сме за Македонија во Европска Унија, за Македонија во НАТО, но не по цена на губење на достоинството со прифаќање на овој капитулантски договор.
– Залудни им беа и сите закани, уцени и притисоци. Не им помогнаа ниту заплашувањата на вработените во локалната самоуправа, јавните претпријатија и државните институции од страна на индивидуалци, вршители на функции во локалната и централната власт, како и во дел од приватните компании од страна на сопствениците на истите. За сето ова постојат докази.
– Огромното мнозинство од граѓаните на Општина Делчево и Република Македонија одлучија да не излезат и да не гласаат на истиот.
– Јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на македонските национални интереси за сметка на политичката кариера на Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шеќеринска.
– Од вкупно запишаните 14.721 гласач во избирачкиот список во нашата општина, вкупно 9.303 наши сограѓани не гласаа.
ТОА Е МНОЗИНСТВОТО КОЕ ОДЛУЧИ!
– Затоа почитувани сограѓани, дозволете ми во име на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево да изразам голема благодарност до сите Вас за Вашата висока демократска и патриотска свест, како и за покажаната храброст, истрајност и одлучност да не дадете поддршка на капитулантскиот договор со Грција.
Заслужувате највисока почит!
Ваши се заслугите, Ваша е почитта!
Се поклонувам пред Вас!

– После неуспешниот референдум, имајќи ја во предвид волјата на граѓаните, ја повикуваме пратеничката од Делчево од редовите на СДСМ, г-ѓа Мира Стојчевска, добро да размисли како и дали ќе гласа за уставните измени со кои се редефинира државата, бидејќи народот ниту на парламентарните избори во 2016 година кои ги изгуби, ниту на референдумот, не и даде мандат и легитимитет за да гласа за капитулантскиот договор со Грција.
– За истакнување е и тенденцијата на падот на поддршката за СДСМ во нашата општина. Во општина Делчево, СДСМ за една година изгуби точно 573 гласови, односно од добиени 5.100 гласови на локалните избори кои се одржаа во октомври минатата година, референдумот го поддржаа 4.527 граѓани, или во проценти тоа е 11,2% губење на поддршката, и тоа, повторувам, за само една година.
– Народот секојдневно сведочи за неспособноста на оваа власт, како на централно така и на локално ниво. Делчевчани ги прочитаа Зоран Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува истата дополнително ќе се намалува. Она што се случува со гласовите на СДСМ во Делчево е добар пример за тоа како завршуваат неодржливите политики градени на лаги.
– Катастрофалната економска политика на централно ниво со 0,1% економски раст, криминалните и матни тендери, огромните суми од фондот за иновации разделени по блиски функционери од власта, скандалите и аферите на дневна основа на централната власт, континуираните милионски задолжувања, покачувањето на цените на горивата, покачувањето на трошоците за живот,нереалните ветувања од типот 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите и изградба на 600 километри автопати, немањето откуп и пласман како и катастрофално ниските откупни цени за земјоделските производи, нетранспарентното работење, партизираното обвинителство и судство, отсуство на слобода на медиумите и окупиран медиумски простор, неефикасна борба против митото и корупцијата, ефтиниот популизам, непотизмот, партиските вработувања без никакви критериуми, реализацијата на нула проекти кои што беа предвидени во изборната програма на СДСМ „ Живот за сите“ и уште многу други неодржливи политики градени на лаги се само дел од причините кои придонесоа за падот на поддршката за СДСМ и во Делчево од скоро 600 гласа.
– Да не беа започнатите проекти, а некои и речиси целосно завршени од време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе немаше локалните функционери од СДСМ со што да се пофалат пред граѓаните на Општина Делчево.
– Со ваквото владеење и со ова темпо на губење на поддршката, дебаклот на овие политики е неминовен и по се изгледа тоа е единствениот излез од безизлезната ситуација во која е втурната нашата Татковина.
– Сето ова не инспирира да работиме со зголемена енергија и ентузијазам, за да си ја зачуваме Македонија.
– Она што е најважно, е дека доаѓа критичното време во кое нема да им дозволиме „играта“ со Татковината да ја искористат како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот. Време во кое нема да дозволиме раководители и вршители на јавни функции и активисти да вршат притисоци врз луѓето кои не излегле да гласаат, гласале „против“ или одбиле партиска задача на СДСМ – таквото постапување е неприфатливо, истото го следиме и најавуваме дека одговорност ќе има.
– Делчево отсекогаш знае да препознае идеја, да препознае искреност, да препознае работа. Затоа, Ве повикувам во периодот што претстои пред нас, сите заедно да се приклучиме и да ја продолжиме битката за Република Македонија. Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. Но, за да се случи тоа мора оваа Влада што поскоро да замине во историјата!
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Рецензија: 21 Век LP- Актуелноста низ непретенциозна и вообичаена меланхолична мелоритмика и стиховност
Следна објава Честитки за "11 Октомври" од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 607
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1026
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2141
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.