Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани преку социјалните мрежи упати одговор на соопштението на Градоначалникот Николчо Илијев кое што беше упатено од негова страна на 26.10.2018 година како реакција на прес конференцијата од претходниот ден од чкеновите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани..
Во продолжение го пренесуваме интегрално целиот одговор од опозицијата во Кочани:
Во одговорот очекуваме да слушнеме сè, само не продолжение на Вашата предизборна кампања.Вашата предизборна кампања ЗАВРШИ пред една година и Вие го добивте она што го посакувавте – станавте прв човек во Општината!Прашањето е – што добиваат граѓаните? Едно големо ништо! Извадоци од договори за јавни набавки и необјавени договори за склучени е-набавки за градски и училиштен превоз кој не се реализира или се реализира отежнато!Вашите гласноговорници, како креатори на Вашите јавно пласирани одговори, мора точно да знаат да пренесат во чие време се реализираше проектот за канализацијата во с. Тркање и чија изведба ја доведе истата да биде целосно нефункционална. Но наместо тоа, одбравте грубо да ги манипулирате граѓаните за фактите.Немате демант за непостоечкиот Граѓански младински центар, немате демант за непостоечките ДУП-ови, ништо за новиот сообраќаен режим, ништо за гасификацијата.Од Вашиот одговор се гледа едно големо НИШТО и гола КАМПАЊА со напади на оние кои се осмелуваат да Ви ја кажат вистината – треба да најдете доблест и тоа да го цените!Во секој случај честитаме за поевтиниот разводен ормар, поевтините сијалици за 70 ден. монтирани во ходникот на Општината и поевтините 280 метри кабел, секако и за поевтиниот лимен капак.Сепак, поевтиниот лимен капак којшто сте го објавиле е капак за столб и не може со него да ставите “капак“ на фактите кои сведочат за нереализираните проекти!Со ваквото темпо на работа може да очекуваме Вашата предизборна кампања да трае уште 3 години, а проектите да ги реализирате во петата четвртина!Што се однесува пак за гранките на стеблото на непотизмот – Ве молиме немојте!Едно такво “криво“ дрво е засадено под Ваша закрила и расте во “Вашиот“ двор – се разбира метафорично!
-одговорија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.