На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 12 Јуни 2018 година донесе одлука со која го именува Димчо Атанасовски за нов претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател, Драган Костовски.
Димчо Атанасовски има завршено Факултет за музичка уметност во Скопје и работи како наставник по музичко образование во Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Тој е сопруг и татко на три деца и е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.
Земајќи ги во предвид резултатите од последните локални избори во Македонска Каменица, новиот преседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица го очекува многу работа во летниот период, особено ако се земе во предвид дека во Септември граѓаните веројатно ќе излезат на референдум на кој треба да се изјаснат за новото име на државата.