Знаевме дека Градоначалникот не знае како да почне проект, а веќе гледаме дека и не знае како да заврши.
Кејот на р. Отиња кај вливот во р. Брегалница остана незавршен за само 300 метри. Незатворените канали во реката се лоша слика, која е срам за градот, а високите треви се ризик за граѓаните во летниот период. Најубавиот дел од градот, наместо да има репрезентативен изглед, тој се претвори во слепо црево.
Неуредениот кеј на реката очигледно не е на листата на приоритети налокалната власт. Иако за време на кампањата дури и во промотивните спотови се промовираше кејот на р. Отиња како нешто со што треба да се гордееме, сепак една и пол година од мандатот нема посветеност за финиширање кејот на реката.
Со голема итност и неодложност, потребно е Градоначалникот да се насочи кон уредување на овој дел од градот, затоа што неговата историска и културна вредност се од огромно значење за целата држава. Освен тоа, на овој дел минува регионален пат и голем број граѓани од Источна Македонија го гледаат ужасот во кој тоне нашата општина.
Почитуван Градоначалник,
По не знам кој пат ВМРО-ДПМНЕ Ве потсетува дека Вашата позиција бара посветеност, лојалност кон гласачите и исполнителност. Вие имате превземено обврски кон гласачите, а најмалку што можете да направите за нив е да ги засукате ракавите и да завршите барем еден од проектите кои беа почнати од претходната власт.


