Интегрален текст на прес конференцијата на Вишна Шорова-Ангелова од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип:
“Проект Обнова не е само обична програма во која на 340 страници се испишани нереални ветувања. Овој документ не’ обврзува во наредниот четиригодишен период, напорно да работиме и на граѓаните на Македонија да им обезбедиме достоинствен живот.
Како резултат на неколкумесечната работа на врвни експерти од различни области, нашата програма за Обнова на Македонија предвидува:
✅Зголемување на просечна плата за 25%
✅4 милијарди домашни и странски инвестиции
✅Зголемување на просечна пензија за 3000 денари за секој пензионер
✅20% повисоки плати за здравствени работници
✅Намалување на Невработеноста под 10%
✅Повеќе пари за бизнисот, помалку бирократија
✅Целосна реконструкција на 1000 километри регоионални патишта и изградба на 150 киолметри експресни патишта низ цела држава
✅Покривање на половина од трошоците од страна на државата за нов енергетски ефикасен дом за секој граѓанин
✅Природен гас до секое семејство со бесплатен приклучок
✅Национална мрежа од 4 клинички центри во државата
Ова е само дел од визијата која ВМРО-ДПМНЕ ја има за развој на државава. Меѓутоа, на ова ќе претходи преодна стратегија за надминување на кризата во која сме во моментов и намалување на штетите предизвикани од непрофесионалното владеење.
Првите 100 дена, ќе бидат новиот правец кон безбедна и квалитетна иднина.
Почитувани,
Обновата доаѓа, бидете дел од неа!”


