Согласно месечниот распоред за одржување на седниви на Советот на Градоначалници на Источниот плански регион, на 20.07.2018 година во петок ќе се одржи шестата седница на ова највисоко тело на одлучување пооднос на регионалната соработка во Брегалничкиот регион.
На дневен ред на седницата меѓу поважните точки се :
-Воспоставување на Меѓурегионален технолошки парк во Источен и Вардарски плански регион
-Одобрени средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година- Програма за развој на планските региони
– Грантова шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони- Подобрување на општинското живеење
-Програма за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој
-Програма за финансиска подршка на руралниот развој за 2018 година
Седницата е закажана за во 13.00 часот во салата за состаноци на Општина Берово.