Со почеток во 10.00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево денеска се одбележа 117 годишнината од кревањето на Илинденското востание.
Членови на КУД “гоце Делчев” Делчев по тој повод прочитаа пригоден реферат за настаните и активностите поврзани со илинденската епопеја како и значењето на Илинденското востание по што од страна на присутните пред споменикот на Македонскиот идеолог во центарот на Делчево беше одаден помен со едноминутно молчење.
Претставници на Општина Делчево, локални институции, политички партии и граѓански организации потоа положија букети со свежо цвеќе и се поклонија пред делото на илинденците од првиот Илинден.
Со почеток во 10.30 часот пред споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ од Пијанец и делчевската област беше одбележана 76 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ со што се удрени темелите на соврeмената Македонска држава.
Од страна на членовите на КУД “Гоце Делчев” од Делчево беше прочитан пригоден реферат за АСНОМ-ските настани како и значењето на Првото заседание на антифашистичката борба на Македонскиот народ во Манастирот Прохор Пчински (денеска на територија на Република Србија).
Делегации на Општина Делчево, локални институции, здруженија и политички партии потоа положија букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на Делчево.