По огромниот број на апели и сведоштва на граѓаните од крајниот исток на државата за проблемот со неможноста за тестирање за присуство на Ковит-19 во нивните градови, властите остануваат и понатаму глуви за нивните потреби.
Жителите на Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица, Виница, Пробиштип и сите помали општини во регионот, мораат да патуваат во Кочани или Штип за да се тестираат за присуство на корона вирусот во нивните тела поради различни законски потреби наметнати од протоколите на владата. Главно жителите на крајниот исток во државата се тестираат заради потребата за патување на работа во странство заради обезбедување на живеачка за нив и нивните семејства.
Во овој регион недовербата кон институциите на државата предводени од СДСМ од страна на граѓаните е на изразено високо ниво, поради редицата на измамнички и штетни политики спроведени од Зоран Заев и неговата ергела во изминатиот период.
Со вака наметнатата состојба од страна на неспособните здравствени власти, граѓаните се изложени на дополнителни трошоци заради патувањето кон Штип и Кочани, но проблемот е уште поголем поради состојбата на болните и повозрасни лица кои не можат да возат сами, па мораат да ангажираат свои членови од семејството или пријатели, а такси компаниите избегнуваат да возат лица со симптоми. “Капак” на сите овие проблеми е фактот што во крајниот исток на државата не постои линиски јавен регионален транспорт на патници, а последната компанија што вршеше ваков транспорт на патници згасна во 2019 година поради проблеми со ликвидноста.
За овој проблем за непостоење на тестови за присуство на корона вирусот во јавноста алармираше и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ
Неговата реакција ја пренесуваме во продолжение:
“Во март и април можеше и да Ви се прогледа низ прсти заради ново настанатата состојба, но вие и после 9 (девет) месеци немате обезбедено тестирање за КОВИД – 19 во здравствените домови од крајниот исток на државата.
Денеска цел исток се тестира во Кочани и Штип. Се прашувате ли дали секој е во состојба да вози, дали секој има возило и средства за да се одвезе до Штип?
Венко Филипче така ли го подготвивте системот за есенскиот бран?
Значи зборуваме за обични тестови, а замислете да требаше да изградите болница или некаков друг капацитет…
Срамота и греота.”


