Ископувањата кои се реализираат во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник во Неготино, се со времетраење уште од 2009 година, и се одвиваат со меѓусебна соработка помеѓу НУ Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино.
Пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи)…. Сите погребувања од некрополата Мали Дол, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет . Кога ќе се соберат сите резултати и факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група…..
Овие пронајдоци беа поставени во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино.
На изложбата беа претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.