Во Пехчево по втор пат одржана спортската манифестација „Пехчево на точак” – искачување со велосипеди до врвот Кадиица во организација на хотел „Гогов“ со поддршка на Оштина Пехчево.
-„Пехчево на точак” имаше повторно иста цел, а тоа е да го разбудиме авантуристичкиот дух, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата кои нудат огромни можности за развој на авантуристичкиот туризам. Годинава имавме посебна чест на настанот да учествува словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш кој и самиот е велосипедист во слободното време.” – вели Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски.
Велосипедската патека по која се движеа велосипедистите е долга 27 километри, со вкупна висинска разлика од 1150 метри. Освен велосипедската трка, како дел од настанот се одржа и „оф-роуд” тура со теренски возила на која учествуваа учесници од Пехчево, Берово и од Делчево. Настанот заврши со заедничко дружење на градскиот плоштад каде учесниците од страна на организаторот добија благодарници.