• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Време е за нова македонска надворешна политика

јуни 28th, 2022 Анализа, Колумна коментари 575

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Време е за нова македонска надворешна политика

Во последните неколку години сервилната македонска надворешна политика и дипломатија на патот кон ЕУ доживееја редица порази и понижувања, и сето тоа како резултат на намањето на визија, како и водењето на реална надворешна политика за заштита на македонските национални интереси. Едновекторската надворешна политика и играњето на една карта се покажа погубна за Македонија, и денес Македонија нема маневарски простор во преговорите со Бугарија. Погрешната надворешна политика и дипломатска стратегија во однос на спорот со Бугарија ја доведе Македонија во ќорсокак. Политиката на постојани отстапки на  штета на Македонија во замена за идно магливо членство во ЕУ е пред своето финале. Францускиот предлог е финалето на тој процес, кој што започна со Договорот од Преспа, и доколку Македонија го прифати францускиот предлог, на Македонија и се заканува национална катастрофа, од која што нема никогаш да се опорави.

ЕУ деновиве Македонија ја доведе пред избор, земи или остави, кога е во прашање решавањето на нерационалниот спор со Бугарија. Во „Новиот европски поредок“ кој што го заговара Макрон за стратегиска автономија на ЕУ, за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, е предвидено сценариото и понатаму да останат периферија и тампон зона за ЕУ, и утешна награда за Западен Балкан е иницијативата „Отворен Балкан“.

Македонската надворешна политика цело време е реактивна и одбранбена, наместо да биде активна и офанзивна. Во голем број на држави ширум светот Македонија со години нема свои амбасадори, што е најдобар доказ за деградацијата на македонската дипломатија. Македонија со години нема амбасадори во главните градови на голем број клучни држави. Македонија нема амбасадор во САД веќе четири ипол години, кој што е стратешки партнер на Македонија.

Министерството за надворешни работи со години наназад е претворено во партиско биро за вработување, каде што стручноста и подготвеноста нема влијание. Наместени конкурси за вработување на нови дипломати, постојани скандали со македонските дипломати и амбасади ширум светот, скандали со обиди за шверцување под дипломатска пратка на цигари, алкохол, наркотични средства. Во голем број на држави ширум светот за Амбасадори и вработени во Амбасадите се праќаат луѓе без дипломатско искуство, луѓе кои што не студирале меѓународни односи, кои што немаат познавање на јазиците, културата, традицијата на државата каде што се упатуваат да работат.

Време е за нова парадигма кога е во прашање македонската надворешна политика. За професионална дипломатија, за дипломати од кариера. За создавање на дипломатска академија, за создавање на професионален дипломатски кадар. Ширум светот има огромен број на македонци кои што завршиле меѓународни односи во различни држави, и Македонија мора да најде начин да ги искористи нив, нивното знаење, искуство, врски во тие држави.

Наместо едновекторската надворешна политика, време е за повеќевекторска надворешна политика, која што ќе доведе до градење на пријателства со повеќе држави и центри на моќ, како и отворање на нови пазари за македонската економија. Да, стратешка цел на Македонија се ЕУ и НАТО, а стратешки партнери се САД и Германија, но тоа не значи дека Македонија не треба да има силни Амбасадори и дипломати и другите региони во светот. Македонија треба да разбере дека во светот покрај Западот постојат и други региони и центри на моќ, кои што во иднина ќе играат се поголема улога во светските текови и геополитика. Кога е во прашање Западот, потребно е конечно Македонија да им обрати внимание на Франција, Италија, Полска, Холандија, како држави кои што имаат големо влијание во ЕУ. Потребно е да им се обрати должното внимание и на Турција и на Русија.

Време е за поактивна надворешна политика кога е во прашање Азија, посебно Југо-Источна Азија, која што е движечка сила на светската економија, и каде што се најбрзо растечките економии, пред се НР Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, за активна дипломатија на Блискиот Исток, преку Израел и Обединетите Арапски Емирати, изработка на стратегија за дејствување во Африка што ќе доведе до активирање во тој правец, како и активирање во правецот на Јужна Америка.

Време е за професионална дипломатија и за нова надворешна политика, која што во прв план ќе ги има македонските национални интереси, и која што ќе работи за промоција на Македонија на сите полиња.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Македонија
  • надворешна политика

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Од сите можни видови на корупции присутни во државата најлоша е корупцијата на моралноста
Следна објава На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 612
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 627
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 612
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 599
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 529
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 612
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 745
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 787
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2498
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1729
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1444
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201818
Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија
Македонија

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

Мар 28th, 202217
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.