• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

За Максим Ненов-македонски револуционер кој загинал на планината Голак (делчевско)

септември 24th, 2019 Македонска бесмртност коментари 1437

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За Максим Ненов-македонски револуционер кој загинал на планината Голак (делчевско)

Максим Војвода бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија

Максим Нинев – Војводата е роден во Тресонче во 1870 година. Кај народот е познат како Максим Војвода, а академиците и уметниците го познаваат како Максим Зографот. Роден е неколку години пред формирањето на ТМОРО (Тајната македонско-одринска револуционерна организација) на која и се приклучил откако наполнил дваесетина години. Во селото го завршил основното образование, но се истакнувал како момче кое ја сака книгата и црквата, па набрзо станал ученик на зографот Дичо Крстевич (кој е од истото село). До својата дваесетта година веќе станал сосема солиден живописец и калиграф, па како и поголемиот број тресончани заминал на печалба во некоја од соседните држави. Негова станица била Бугарија, односно градот Стара Загора, каде станал доста баран зограф и ѕидар.

Револуционерна дејност

Откако се вгнездил во Бугарија се поврзал со останатите Македонци кои како и тој самиот таму биле на печалба. Но, некои од нив таму биле и заради обезбедување поддршка за кревање на големото востание во Македонија.

Се поврзал со нив и во 1899 година бил поставен за војвода на две реканско-дебарски чети. Откако и пристапил на Организацијата неколку пати се враќал во Тресонче и во реканскиот крај заради организирање на четите и востаниците, мобилизирајќи Мијаци и дебарчани. Во тие години почнал и за првпат да се судира со турските војски, но и со качачките банди.

Целата 1902 година ја минал на чело на Првата чета Мијаци низ реканско-кичевските планини, често пати сардисуван од качаци – Малесори (од областа Малесија во Албанија) кои на луѓето од Бистра им биле познати како озлогласени разбојници. Но, во меѓувреме во врвот на Организацијата се случуваат големите провали, смртта на Гоце Делчев, навлегувањето на бугарскиот врховистички елемент вомакедонското-ослободително движење, на Иван Гарванов и Борис Сарафов, како и прикажувањето на тоа движење низ Европа како движење на Бугарите во Македонија. Најнапред Максим не бил свесен за таквата реалност, па дејствувал под нивната капа, но подоцна ја увидел опасноста од врховистите по однос на македонското револуционерно движење и заедно со Јордан Пиперката, а во 1902 година ја распуштил Првата мијачка чета и заминал во Бугарија да провери како стојат работите во врвот. Откако видел дека во организацијата бугарската пропаганда станала силна, на своите Мијаци им ја објаснил опасноста и од нив формирал нова чета од Мијаци – печалбари. Новата чета ја формирал на 22 мај 1902 година во селото Владаја, крај Софија. Таа броела повеќе востаници од првата, односно 53 мажи. Негов заменик бил Димитар Арсов, учител од Лазарополе, доста значаен за историјата поради дневникот што го водел од формирањето начетата до нејзиниот трагичен крај истата пролет. Истиот ден турските и бугарските шпиони дознале за формирањето на четата, кои откако го бакнале револверот и камата на Организацијата го изиграле и Тешкото – мијачко оро што се игра свирено од зурли и тапани. Откако завршило постројувањето на востаниците, Максим Војвода го повел кон бугарско-турската граница за да влезат во Македонија .

Илинденско востание

Шест дена и требала на четата за да стигне до границата, минал и празникот Света Троијца. На 29 мај ја минале реката Бреганица и влегле во Македонија искачувајќи ја планината Голак на 1585 метри. Ноќта паднала, па востаниците на Максим легнале да отспијат. Во дневникот на лазоровецот Димитар Арсов останало запишано и со какво оружје располагале четниците: 14 пушки Манлихерки со вкупно 4.000 куршуми, 24 пушки Мартинки со 5.000 куршуми, 3 српски Маузерки со 750 куршуми, 5 пушки Кримовки со 1.000 куршуми, 53 пушки и околу 11.000 куршуми, 29 рачни бомби, 2 kg динамит, 20 револвери со околу 100 куршуми за секој од нив и ками. За 2 Манлихерки им фалеле бајонети.

Борбата со Турците и смртта на Максим

Војводите Максим Ненов и Димитар Домазетов

Кичевската чета на војводите Јанаки Јанев, Арсо Локвички и подвојводата Максим Ненов

Станувајте аскер!!! – извикал уште во мугрите еден од стражарите додека востаниците спиеле. На оружје браќа, напред на позиции. Пустите, многу рано нî најдое. Огон да го изгори кој ни предаде – рекол војводата. Утрото наближувало околу 7 часот кога веќе сите биле на своите места. Од доловите на Голак се слушале турските воени труби, а аскерот веќе бил на околу 8.000 чекори од ридот Чавките, каде востаниците ја минале ноќта.

Дневникот на лазоровецот понатаму ја раскажува битката:

Првиот истрел беше со руска Кримовка, чиј глас е како да е од топ во однос на турските Маузери. По тој наш истрел, почна пукотницата од обете страни, измешани со повици ураа со гласот на Војводата, кој повторуваше да се гаѓа, а не само да се пука. Веднаш потоа, истрели се почувствуваа од сите страни. Денот станува си потопол. Не дува никаков ветрец. Земјата си уште испушта пареа од топлината, па станува уште понепријатно на позициите. Горештината околу 10 часот почнува дури и да задушува. Борбата од час в час станува си пожестока, а на војводата му стигнуваат абери дека во далечината се гледаат нови колони турски засилувања. Се чини како противникот да не знае каква е нашата големина, па се впушта во приближување до нашата позиција. Ги има околу 3.000 души. Војводата испраќа неколку поединци да се огласат со истрели од подалеку од нашата положба за да изгледа сме поголема група од една чета. Наскоро дадовме и први жртви. Паднаа Марко Росочки и Добе од Тресонче, Марко погоден во главата, а Добе пронижан во градите. Шо ти е бре Добре – го праша неговиот соселанец Пандил, а овој му одговори: Ме рание во левата рока, немат нишчо, сеа ќа стана, само малу да полежа, удрите вие, удрите…. Тоа го рекол и ја испуштил душата без да офне. Време ручек е, а бојот уште повеќе се засилува си до два часот попладне. Потоа следеше свиреж на труби, една по друга. За момент од кај низ сопре стрелбата со пушките и започнаа топовски истрели за вознемирување од кои немаше поголеми ефекти кај востаниците. Се кренаа праови од песокот си додека не ги нанишанија подобро нашите позиции. Потоа истрелите стануваа си попрецизни. Од ситните камења од експлозиите се посериозно сме загрозувани по телата и по лицата. Ќепињата и белите бечви станаа жолто-црвени од прашината што се креваше. Топовската каноната замолкна, па забележавме движења на аскерот. Се договараат за јуриш. Првиот јуриш го одбивме. Пукаат без нишанење само за и ние да им одвраќаме, но Војводата ни предупредува да штедиме муниција. Пукаме само во месо, кога гледаме човечки прилики во непосредна близина. Од горната позиција Спасе Глигоров – Гудурот ни предупредува дека Турците на нивната страна се на дваесетина метри и се подготвуваат да јуришаат. Некои предлагаат да ја напуштима позоцијата и да се префрлиме во црнтралната каде што е Војводата. Друг предлага да се испотепаме со револвери да не паднеме в турски раце. Војводата не одобри ниту еден од предлозите и рече: Подобро е да истепаме што повеќе душмани, оти смртта и така и така не можеме да ја избегнеме. Мртвите потоа се зголемуваа и на наша, но и на турска страна. Наскоро паднаа Петре Спасов – Софрониев, Ефто Чадија, а загина и Спасе Глигоров – Гудурот. Беше околу пет часот кога се чу глас од еден од четата упатен до подвојводата. Чичко Митре, овде ќа ни истепаат како глувци. А на тоа овој му одговори: Каде е Максим, нека не дреме заедно со тие околу него, нека ви помогнат. Максим, моментно зафатен со разговор со еден од борците кој нешто го прашуваше, со едното уво го слушна предупредувањето на својот помошник, подвојводата Димитар Стефанов и без размислување, како молња скокна од позицијата на нозе. Но, штом пречекори чекор-два за да види што се случува на левото крило од централната позиција, со два истрела беше застрелан во градите. Не падна веднаш, туку чекореше уште толку да стигне кај загрозените другари и таму падна ничкум дочекан од еден од борците со зборовите: Зошто бре војводо дојде баш кај нас да умреш? Не доби одговор, туку само мафтање со раката и со поројни солжи ја испушташе својата јуначка душа на ридот Чавките

Крајот на битката

Денот речиси се наближува кон своето смирување, а бојот како сî повеќе да се засилува. На еден од куририте што се наоѓаше на централната позиција една граната му ја откина ногата. Беше веќе седмиот час навечер и тогаш сите почувствувавме поддувнување на ветрец што добро ни дојде. А, бевме навистина изморени, испотени, неспани и гладни. На позицијата на левата страна состојбата беше уште полоша зашто немавме вода. Стрелбата на топовите како да го достигна зенитот сега на сите страни на позицијата. Небото го покрија црни облаци, како и тоа да нî жалеше. За да внесам макар и малку ведрина им довикнувам на тие што можеа да ме чујат: “Помош, помош идет!” “Од коде?!” – ме прашаа другите. “Одозгора, зар не гледате? Ќа се стемнит, ќа заврнет, ќа згаснет месечинана и барем неколку од нас ќа куртулит!”. Наполно се стемни, мракот ги сокри позициите, се огласуваат тук-таму истрели од пушки, но без ефект. Сето останато четата го остава на боиштето. Да се остане и понатаму на боиштето е погубно. Почна повлекувањето, кога повторно започна бојот. Заврши муницијата, па почнавме да фрламе и со камења. Тие што останаа живи врват кон југоисток низ шумата за да најдат некаков пробив. Некои се раштркаа. Прескокнав едно поточе, се напив вода, цел ден жеден и дури пред зората во тоа мое лутање утврдив дека сум доста оддалечен од местото на вчерашниот бој. На “Чавките” останаа 18 мртви другари, а бројот на ранетите и загубените како мене, во овој час не го знам. Беа деветмина ранети.

Тука некаде завршува дневникот на Димитар Арсов што брои 44 страници. На крај се наведени имињата на востаниците кои загинале на ридот:

– Максим Нинев – Војводата (с.Тресонче), Петре Јуруков (с.Тресонче), Добе Јосифов (с.Тресонче), Ефто Ристов Чалија (с.Лазарополе), Спасе Глигоров – Гудурот (с.Лазарополе), Никола Долев (с.Лазарополе), Милош Митрев (с.Сливен), Ѓорѓе Сливенски (с.Сливен), Димитар Стефанов – Подвојводата (с.Јабланица), Софроние Спасов (с.Осој), Марко Ристов – Дадара (с.Росоки), Марко Росочки (с.Росоки), Доле Ехлоски (с.Ехловец), Милош Богданов (с.Годивје), Ташко Цветков (с.Гари), Ристо Китанов (с.Долно Косоврасти), Анѓеле Ѓоргоски (с.Селце), Марко Урдарески (с.Рајчица).

До разделбата во ноќта 29 и 30 мај 1903 година во дневникот на лазоровецот стои дека биле ранети девет четници, но не ги наведува по име и презиме, ниту пак, дали тие биле извлечени од боиштето. За загинатите вели дека на планинатаГолак останале незакопани.

Опеан во народното творештво

Овој Мијак, ученик на Дичо Зограф и водач на комитска востаничка чета, останал опеан во неколку народни песни од илинденскиот период како македонски херој, а загинал во битка на ридот Чавкa на планината Голак над Делчево.

Песна за смртта на војводата Максим Ненов

Зората се зазори,
сл’нцето изгрева,
караулите свират
на Максима говорат:
– Стани, стани Максиме,
потера те сардиса,
потера малешевска!
Засвиреа куршуми,
загрмеа мауѕери,
удариха Максима
в лева страна по срце
и по него Петрета.

Ова се стиховите од народната песна каде се опејува смртта на Максим Војвода во 1903 година, на само два месеца пред почетокот на Илинденското востание. Но, пред да заврши неговиот живот Максим зад себе оставил доста значајни информации за подготовките на револуцијата, но за жал доста е помал бројот на податоци за неговото зографско дело. За неговата смрт се дознава од деталниот дневник што го водел еден од востаниците.

  • Ознаки
  • 1903
  • Голак
  • Илинденско востание
  • Максим Ненов
  • Револуционери

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Нема да бидам замолчена! -Текст што секоја жена треба да го прочита
Следна објава Добро утро Македонијо-Замјо на прогонети и обвинети новинари!
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 519
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 880
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 902
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 561
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 554
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 789
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 577
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 999
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 533
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

736
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1574
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.