• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

За спорот со Бугарија, за спомнувањето од Стево Пендаровски и за измамите на обвинителството со своја реакција се јави Никола Груевски

март 22nd, 2022 Македонија, Став коментари 495

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За спорот со Бугарија, за спомнувањето од Стево Пендаровски и за измамите на обвинителството со своја реакција се јави Никола Груевски

Денес за три работи… Првото во врска со спорот со Бугарија, втората со изјавата на Стево Пендаровски каде ме спомнува мене, а околу Љубомир Фрчковски и неговата пресуда за кривично дело клевета и третата за ново фаќање на дело на измамите на обвинителството во еден од случаите кои ги водат против мене. Кого што го интересира тоа може да го прочита…

1. Во последните месеци случајно или не повеќемина политичари, аналитичари и новинари во Македонија по прашањето на спорот за идентитетот, историјата и македонското малцинство кој го отвори Бугарија, а кој што процес во овој период не е пред очите на јавноста, настапуваат со теза која во најмала рака може да се нарече чудна. Бранат нешто што не е нападнато. Кажуваат дека би подржале нов договор или анекс договор со Бугарија, па дури и промена на уставот доколку Бугарија прифати и даде (писмена) гаранција дека ќе задржиме нешто што Бугарија всушност воопшто не го бара, па дури и напротив, нејзините највисоки претставници кои се занимаваат со македонското прашање јавно говорат дека тоа не го спорат. Тоа е тезата дека за Македонија било најзначајно да се зачува името на јазикот, поточно дека нашиот јазик е македонски и дека ние сме Македонци и имаме македонска историја. Но, Бугарија одамна се согласува со тоа. Тие во изјавите велат дека не се спротивставуваат на фактот дека ние сме Македонци, дека македонската нација е реалност, па дури и дека говориме македонски јазик (во официјалните документи бараат да стои “согласно уставот”, но во усните интервјуа често и тоа го изоставуваат). Она што тие го бараат е поврзано со историјата на создавањето на нацијата и јазикот а не со тоа како денес ги именуваме, со историјата каде за пресвртна точка го земаат 2.август 1944 година кога е одржано првото заседание на АСНОМ и кога се донесени првите документи на кои се темели државноста на Македонија. Според тоа, да бидам попрецизен, нивните барања се да прифатиме дека до тој момент, до тој датум Македонците се чувствувале и се пишувале, односно се декларирале како Бугари, јазикот кој го говореле бил бугарски јазик, или дијалект на бугарскиот јазик и историјата на овој народ кој живеел на просторот на денешната независна држава Македонија (дел од нив сеуште се живи), до тој момент била бугарска историја. Ништо од тоа не било така, но тоа се нивните барања. Во изјавите на нивните највисоки државни претставници, во последните години јасно говорат во многу наврати дека само ова го бараат и јасно објаснуваат дека прифаќаат дека реалноста денес е дека ние се чувствуваме Македонци и дека јазикот го нарекуваме македонски. Во последно време го отворија и прашањето за заштита на бугарското малцинство во Македонија нагласувајќи ја потребата за промена на уставот и впишување на Бугарите помеѓу другите етнички заедници или делови од народи, а истовремено отфрлаат не само можност за признавање на македонското малцинство во Бугарија, туку и политичка партија не дозволуваат да се регистрира во која би доминирале оние кои нели не постојат. Јасно е дека ни треба деблокирање на нашиот пат кон ЕУ, нормализација на односите со соседна Бугарија и јасно е дека ако има договор ќе треба да се постигне некаков компромис. Но, не е во ред во нашите придобивки од тој компромис да вбројуваме нешто што не е барање на другата страна и за кое Бугарија не спори. Не е во ред да создаваме лажна слика на лажни односно непостоечки придобивки и непостоечки успех. Да не ја потценуваме интелигенцијата на македонскиот народ. Македонија е негова држава, на народот а не на мал број политичари и тој народ треба да знае што се прифаќа и што се добива од тоа и да се согласува со тоа. Треба реално и искрено да се постават и објаснат работите без трикови и измами од страна на било кој.

2. Стево Пендаровски деновиве објаснувајќи го својот потег за испраќање на Љ.Фрчковски за амбасадор во Мисијата во ООН, изјави дека Фрчковски бил “осуден за кривично дело во време на режимот на Груевски”, и додаде “…а ние знаеме како беше тогаш”. Без да навлегувам во исправноста на неговата одлука за испраќање на Фрчковски за амбасадор, само ќе ја потсетам јавноста дека Фрчковски беше тужен од моја страна во време кога бев премиер за јавно изречена клевета, бидејќи напиша колумна во весникот “Дневник” во која подробно, јасно и недвосмислено тврдеше дека јас кога бев министер во владата на Љубчо Георгиевски сум потпишал некакви два анекси на договорот со Окта, со што се причинила некаква голема финансиска штета за земјата. На судењето од него беше побарано да го поткрепи истото со некаков доказ кој тој ниту го имаше, ниту би можел да го има, бидејќи такво нешто не се случило. Па така неговата одбрана се сведе на индиректно признание, тврдејќи дека со клеветата против мене која тогаш се’ уште беше кривично дело со можност дури и за казна затвор (подоцна можноста за затворска казна за клевета ја отстранивме од Законот), тој сакал само да испровоцира јавна дебата на темата и со тоа да се проверело и утврдено дали навистина има такви анекси. Откако на тој начин тој индиректно призна дека не постоеле такви анекси за кои ја лажеше јавноста, судијата му додели парична казна која директно на мое барање отиде на сметката на домот за деца без родителска грижа во Скопје, каде по првата моја посета на таа установа, вработените ми ја покажаа кујната и другите работи кои ги набавиле од тие средства. Тоа беше време кога судството секако имаше слабости, какви што имало и претходно и секогаш, но ни приближно не беше како денес, кога е ставено во функција на партијата на власт, која 5 години врши брутален политички прогон, со огромен број политички затвореници, пратеници и други лица од поранешната власт по притвори, огромен број луѓе кои неправедно со години се малтретираат по судови со конструирани обвиненија, па некои од нив до толку измалтретирани и скршени, како и под силно и повеќе годишно интензивно влијание од врбувано и исто така обвинето лице од обвинителството, за да ја скратат агонијата, почнаа да се спогодуваат и да признаваат вина која всушност не постои и ја немаат. Тоа беше време неспоредливо со денешното во кое на повеќе луѓе кои извршувале некакви политички функции во минатото повеќе држави долгогодишни членки на ЕУ како Унгарија, Шведска и Грција им издадоа политички азил заради констатиран од страна на нивните државни и судски институции политички прогон во Македонија, меѓу кои и на мене како политички прогонуван поранешен премиер на Република Македонија. Така што, Стево Пендаровски наместо од позиција на претседател да води партиски битки и да го штити СДСМ и неговите партиски мотивирани одлуки, нека се сврти прво околу себе да си види на каква држава и влада тој е денес претседател, да види каков режим денес постои и како неговата партија преку судот и обвинителството ги прогонува не истомислениците слично, а понекогаш и побрутално од времето на 1949 година.

3. За оние кои ја следат и ги интересира темата, а во истиот од погоре контекст, после десетици и стотици презентирани ситуации на политички прогон на власта преку правосудниот систем кој го контролира и кој е инструмент во нејзините раце за прогон на не истомислениците ќе се навратам на уште еден детал, а кој е поврзан со конструираниот судски случај наречен “Плацеви Водно”. Имено, неодамна на 21. Јануари 2022 година, во фб статус повторно презентирав доказ со кој т.н. сведоци на партиското обвинителството кои се ангажирани под сериозна уцена и притисок во овој предмет, во кој нема ниту еден материјален доказ, а нивните изјави се контрадикторни со кои се покажа како функционира власта. Сведокот на обвинителството Тања Стојановска со која не се познавам, секретарка на Александар Ивановски исто така уценет сведок со кого едвај два или трипати во животот сум се сретнал на службен состанок и една случајна средба во присуство на поголем број други луѓе, откако под притисок во сведочењето кажа дека не добила никакво писмо од мене, презентирав јавно доказ од ДХЛ дека примила едно писмо кое очигледно под притисок на обвинителството го сокрила. Подоцна повторно и испратив писмо по ДХЛ кое според објавата на ДХЛ одбила да го прими, а на 21. Јануари 2022 година го презентирав и тоа во фб објава. Но потоа , ДХЛ согласно нивните интерни процедури преку е маил ме контактираше и побара упатство како да постапат со непримената пратка и дали да ми ја вратат или да ја уништит. Јас побарав претходно да направат нов обид за достава, па така по неколку обиди Тања Стојановска го прими писмото. Но, истото писмо повторно по сугестија на обвинителството не е приложено до нив, а со тоа и до судот, иако ДХЛ веднаш објави дека пратката е примена, за што подолу презентирам доказ од нивната електронска објава која може и да се провери дека конечно доставата е реализирана. Со обзир дека до денес не сум чул дека писмото е доставено до судот, подолу ја објавувам неговата содржина. За потсетување на оние кои следат, но подзаборавиле, Тања Стојановска е сопственик на два помали стана кои ги имам изнајмено а за кои таа тврди дека нејзиниот шеф Александар Ивановски и рекол дека ги купил за мене, а самиот тој во изјавата во судот кажа дека тој мислел дека ги купува за мене, дека јас никогаш такво нешто не сум побарал од него, туку дека така му рекло трето лице, кое пак во судот негираше дека имало такво нешто. Додатно истиот кажа дека едниот стан го купил со негови пари и никогаш никој не му дал пари, со што станот, исто како и земјиштето од околу 2700 мкв се и денес негови, а за вториот стан од 40-тина метри квадратни кажа дека од некаде дошле пари ама не наведува ни од каде, ни од кого, ни како, ни никаков елементарен детал, за да може тоа судот да го провери, а одбраната да го побие. Сепак на прашања на адвокати истото лице во судот одговори дека јас никогаш ниту сум побарал да ми купи стан ниту сум му дал пари за стан. Во една таква ситуација судот е под притисок да донесе осудителна пресуда и да ги запленува двата помали стана на Александар Ивановски кои со потпишан договор за закуп ги изнајмив, а кои се водат на име на Тања Стојановска – негова секретарка, без ниту еден материјален или било каков доказ прикажувајќи ги како мои станови. При проверките на уплатите на фирмата што го купила земјиштето утврдено е дека во таа фирма не се внесува и пари во готовина и дека не сам јас или лице поврзано со мене не уплатиле таму пари, туку и никој од Македонија не уплатил пари на фирмата која го купила земјиштето.Сопственичката на еден од становите кој го продала под притисок кажа дека го продала станот на некои луѓе на Груевски (неименувани), за подоцна во истата изјава да каже дека всушност не знае дали тоа биле мои луѓе ниту пак се сеќава кои биле тие луѓе и додава дека мене лично никогаш не ми го понудила станот ниту до неговата продажба воопшто ме имала сретнато и уште попрецизно дека воопшто ме немала запознаено до тој момент. Еве го подоле веќе применото второ писмо кое сведокот, односно обвинителството го сокрија од судот, а го примија со достава на ДХЛ, потврдено од самиот ДХЛ.

—————————————————————————17.01.2022 година

За г-ѓа Татјана Стојановска,На 1ви фебруари 2021 години преку ДХЛ Ви испратив писмо, кое според евиденцијата од ДХЛ сте го примиле на 8ми фебруари. Товарен број на испратената пратка е 2369843593. Во писмото, како што знаете (бидејки според евиденцијата на ДХЛ сте го примиле ова писмо), Ве потсетив дека со вас имам потпишано два договора за закуп на два стана на улица ***************** во Скопје и тоа становите под број ** кој се води на име на фирма во Ваша сопственост и каде Вие сте управител (ДГИ ИТК Инжињеринг груп) и број ** кој се води на Ваше лично име, првиот со површина од 67 мкв а вториот со површина од 46мкв. Исто така во тоа писмо Ве потсетив дека едниот договор е потпишан на 03.Септември 2018 година а вториот на 14.Септември 2018 година, и двата договори се потпишани за закуп во период од пет години и постои клаузула со која поради вложените инвестиции во двата стана, висината на инвестицијата се одбива од месечната кирија во период предвиден со тој договор.

Со обзир дека веќе беше истекол периодот во кој се одбиваше месечната закупнина на закупените станови од вложените средства во инвестицијата во двата стана, согласно тој договор требаше да продолжам со редовно месечно плаќање на закупнината, согласно двата договори. Заради таа цел, во тоа писмо Ве замолив да ме известите на кои банкарски сметки да Ви бидат плаќани месечните закупнини. Со обзир на моето отсуство од дравата, Ве замолив известувањето да го испратите на мојата лична е маил адреса ***************** . Како алтернатива посочив дека известувањето можете да го пратите писмено или лично на мојата сопруга Боркица Груевска на адреса *****************Скопје, 1000, или на нејзината е маил адреса ***************** .

За жал во изминатите месеци не доставивте такво известување заради што бев оневозможен редовно да ја плаќам закупнината на двата стана согласно утврдените услови во договорот потпишан од моја и од Ваша страна.Од овие причини, со ова писмо уште еднаш Ве молам на истите горе споменати адреси, а примарно на мојата лична е маил адреса посочена погоре, да ја доставите информацијата за Вашата банкарска сметка, со цел исполнување на моите договорни обврски. Од медиумите дознав дека во Вашето сведочење во судот наводно имате изјавено дека овие два станови, како и едно земјиште на Водно со површина околу 2.700 метри квадрарни, иако на име на Вашата фирма, односно на Ваше име, не биле Ваши и дека лицето Александар Ивановски побарало да тој ги купи на Ваше име, односно на име на од Вас регистрирана фирма, со негови пари, и дека тогаш наводно Ве информирал дека биле наменети за мене, односно дека во иднина јас сум требало да станам нивен сопственик. Доколку не е точно дека вака сте изјавиле, Ве молам да не го земете во вид тоа што подолу ќе го наведам, а се однесува на тоа што прочитав дека сте изјавиле. Но ако така сте изјавиле, а и со оглед дека не сретнав од Ваша страна деманд на напишаното за вашата изјава, Ве информирам дека јас никогаш со никого, вклучувајки го и лицето Александар Ивановски не сум разговарал за такво нешто. Не е точно и преставува лага и невистина тоа кое наводно сте го изнеле во судот а Ви го кажал како информација лицето Александар Ивановски. Не навлегувам во Вашите меѓусебни односи, ниту пак во неговите мотиви по кои се водел за да Ви каже такво нешто, инаку како што дознав тој е Ваш работодавач и во време кога становите и земјиштето се купени од Вас и Вашата фирма, каде Вие сте управител, не го ни познавав лицето Александар Ивановски, а ниту Вас Ве познавав. Но, со оглед дека помеѓу нас, за едниот стан Вие, а за другиот стан Вашата фирма како закуподавачи и јас како закупувач, е склучен меѓусебен договор за закуп, како што Ви е познато јас сум должен, но и Вие имате обврска да ми овозможите да вршам исплата на закупнина за да се остваруваат не само обврските, но и правата од закупот.

Со обзир дека Вие не ме известивте за бараните податоци во моето прво писмо до Вас од 01 фебруари 2021 година, примено од ваша страна на 08 фебруари 2021 година, со ова мое второ обраќање до Вас, по втор пат барам да ме известите за Вашата и банкарската сметка на Вашата фирма, за да ги исполнам стасаните и следни мои обврски по закупот.

Во спротивно, доколку во рок од 15 дена не ме известите на погоре наведените адреси, ќе сметам дека немате воља за понатамошно продолжување на договорот за закуп и Ве замолувам да ми овозможите разумен отказен рок за предавање на двата стана во Ваш посед.

Во ваков случај молам писмено да ме известите на истите горни адреси, кога и на кое лице да биде извршено примопредавање на становите, испразнети од луѓе и ствари со сите припадоци извршени според договорот за закуп.

Со почит,

Никола Груевски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ковачевски: Дополнителни 1000 мкд како помош за пензионерите за март, април и мај
Следна објава Партизација на Регулаторната комисија за енергетика со превработеност во мандатот на Марко Беслимовски
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 681
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 612
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 687
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

1028
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1659
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201921
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.