Џулија Кристе е германски фотограф чија специјализација е фотографирање домашни миленици. Еден нејзин проект има духовита серија фотографии во кои кучињата „летаат“.
Проектот започнал кога Џулија одлучила дека сака да ги фотографира нејзините омилени животни од нова перспектива.
„Не секое куче е родено да лета, но некои имаат многу талент и се вистински ѕвезди. Неколку кучиња толку многу се забавуваа што ги повторија скоковите. Изразите на нивните лица го покажуваат изненадувањето од првиот лет, а во повеќето случаи првиот скок ги даде најдобрите фотографии.“
– изјавува Џулија.
За да го постигне овој ефект, Џулија користела душек на подот на којшто скокале кучињата и ги фотографирала додека биле во воздух. Таа презела и секакви мерки за безбедност за нејзините модели да не се повредат.
[Best_Wordpress_Gallery id=”97″ gal_title=”Кучиња-Израз на лица”]