Дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковски Стојковски по обзнанувањето на првите мерки за помош на македонското стопанство од страна на Зоран Заев бурно реагираше со свое соопштение во јавноста.
Нејзината реакција ја пренесуваме во целост:
“Зоран Заев може да предложи неговите функционери да ја донираат платата и да помогнат на стопанството а не на грбот на администрацијата да ја истовари целокупната наспособност на владата во справување со пандемијата.
Дополнително може да им укаже на своите функционери да ги откажат договорите на определено, вработувањето преку АПВ и авторските договори.
Претседателот на СДС денес само ја потврди безидејноста и антагонизмот што го чувствува спрема администрацијата и го советувам да ги остави да си ја работат работата и да си ја земат заработената плата.
Администрацијата не е вработена во неговите плантажи и да се изживува со нив.”