Зоран Заев денеска по повод Меѓународниот ден на младите кој што владата го одбележува под мотото „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“ соопшти дека актуелната власт ја намалиле стапката на младинска невработеност во земјава од 41,9% во 2016 е намален на 29,6 % во 2020 година.
Притоа заборави да напомене како и на кој начин истото го постигнал имајки предвид дека голем број на млади Македонци масовно се исселуваа/т од државата во изминатите години особено откако СДСМ е на власт.
Во продолжение го пренесуваме целокупното соопштение на Зоран Заев:
“Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на младите, под темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“, со цел да се потенцира дека без учество на младите, не може да се постигне глобален успех во таа насока.Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома.Исклучително е важно, да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, а тоа се намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава. Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020.Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi).Младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19. Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата.#InternationalYouthDay се одржува секоја година на 12 август и е иницијатива која ги слави квалитетите на младите и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани. #МладиМК“
-напиша Зоран Заев на фејсбук.


