За последните 4 години за Штип направивме многу. Штип е град, можеби и географски поим, но Штип си има своја суштина, а тоа сте Вие почитувани граѓани.
Вашите предлози, вашите идеи ги преточивме во дела и завршивме над 450 проекти на секоја улица, во секоја населба во целиот град, во сите рурални места, не застанавме. Имавме мотиви за работење имавме енергија, сила знаење како да го препородиме нашиот град, како Штип да го направиме модерен, урбан центар. Да го уредиме секое катче, да го засакаме нашиот град.
Претстојат нови предизвици, нов четиригодишен мандат, нови идеи, нови иницијативи. Уште повеќе работа, уште повеќе ангажирање.
Морам да ви кажам дека не се изморив во претходните четири години. Имам енергија, имам знаење, имам сила имам идеи и одлични соработници кои заедно со мене ќе направиме уште повеќе дела кои вие ги барате почитувани граѓани.
Извор: Нова Ера