Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов преку своја видео порака упатена преку социјалните мрежи се заложи за похуман третман и трајно решавање на проблемот со несоодветното чување на кучињата скитници во општината Штип од страна на актуелните надлежни власти.
“Проблемот со кучињата скитници мора да има поинаков пристап и начин на решавање.
Ниту едно живо суштество не смее да биде измачувано и несоодветно третирано.Наша задача е заедно со Здруженијата за заштита на животните, да го промениме начинот и пристапот на заловување, третирање и чување на бездомните кучиња, но исто така и соодветна заштита на нашите сограѓани.”
-соопшти Иван Јорданов споделувајки потресно видео од условите на кој начин актуелните власти ги третираат беспомошните кучиња.


