Селото Каратманово во општина Лозово се соочува со еколошка катастрофа која се заканува со потенцијални болести за жителите. На јавна површина во близина на селската црква, детскиот забавен парк и новоизградениот проект “Наси за пинг понг” кој што го реализираше актуелниот градоначалник на Лозово Ацо Велковски, видлива е фекална вода која што шири неподнослива реа и смрдеа во околниот терен.
Во врска со овој проблем во Каратманово своја реакција во јавноста упати Бошко Цветковски-кандидат за градоначалник за општина Лозово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Почитувани сограѓани…
Ова е с. Каратманово.. Видео материјал, снимен денес, 06.09.2021 година…
Ова е реалната слика со која се соочуваат граѓаните во ова населено место… Фекалии и непријатна миризба… Извор на зарази на само еден метар од детскиот забавен парк… На самиот раб од дворното место на Црковниот храм… На неколку метри од кич проектот “Маси за Пинг Понг”!!
Само едно ќе кажам: СРАМ ДА ВИ Е!!!
п.с. Велковски,со кое лице ќе побараш глас тука?!”
-реагираше на социјалните мрежи Бошко Цветковски.
Погледнете ги немилите слики на лице место на самата локација во Каратманово во видеото во продолжение.


