“Оваа недела во просториите на општина Виница беше означен почеток на програмата Општинско-корисна работа за 2022/23 година.
Преку оваа програма ангажирани се 11 лица кои откако ги потпишаа договорите веќе од денес започнуваат со активности во рамките на Програмата која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година, преку проектот „Грижа за стари лица“.
Ангажираните лица склучија договор во траење од 9/3 месеци, со задолжителна обука од три месеци за лицата кои не поседуваат сертификат. За извршените услуги ќе им биде исплатен паричен надоместок во бруто- висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Придобивките и целта на овој проект се намалување на невработените лица, а со стекнување на обука стануваат конкурентни на пазарот на трудот, додека од друга страна се зголемува социјалната услуга и се подобрува квалитетот на животот на лицата во социјален ризик.”
-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.