Како дел од напорите на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски за обезбедување на асфалт до секој дом во општината за подобри животни услови на граѓаните, во текот на вчерашниот ден започна изградбата на вториот дел од улицата “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица.
Изградбата на оваа значајна сообраќајница во овој рударски град на истокот од државата се реализра во рамки на годишниот план на градоначалникот Атанасовски согласно предвидената динамика која предвидува дека оваа улица ќе биде завршена кон крајот на месец август.
Состојбата на теренот и комплексноста на функционалноста на самата улица согласно теренските услови изискуваат сложени градежни интервенции со цел обезбедување на долготрајност и квалитетна експоатација на улицата од страна на граѓаните.
“Започна изградбата на втората фаза од улица “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица и очекуваме дека истата ќе биде комплетно завршена до почетокот на месец септември.
Пред нас поставивме цел – 90 проценти од сите неасфалтирани улици и патишта да бидат изградени до крајот на мојот мандат и цврсто чекориме во таа насока.
Нашите жители заслужуваат подобра патна инфраструктура затоа сите ресурси ги насочивме кон реализација на овие приоритети.
Продолжуваме посветено!”
-информираше Димче Атанасовски- градоначалник на општина Македонска Каменица во врска со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект.