Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска за жителите на овој град на крајниот исток од државата соопшти убава вест. Станува збор за почеток на изградбата на нов ултра модерен спортски комплекс за спорт и рекреација на граѓаните од сите грнерации.
“Денес, на мое огромно задоволство започнуваме со реализација на едно големо ветување – Ултрамодерен спортски комплекс во Македонска Каменица. Проектот ќе биде завршен во рекорден рок и нашиот град ќе добие едно извонредно обележје на простор кој со децении стои руиниран.
Ветивме дека комплетно ќе го модернизираме градот и дека ќе изградиме патна, водоводна и канализациона инфраструктура во најголем дел од Општина Македонска Каменица и забрзано чекориме кон поставените цели.
Продолжуваме одговорно!”
-информираше Димче Атанасовски- градоначалник на Македонска Каменица
.