Градежните работи предвидени за изградба на жардинерата во разделната лента на булеварот Тодосија Паунов во Кочани се завршени информираат од општина Кочани. Реализацијата на овој проект е во насока за подобрување на безбедноста на овој дел од градот поради фрекфентните претрчувања на пешаци, но и во функција на подобрување на визуелно-естетскиот исглед на оваа значајна сообраќајница во Кочани.
“Завршени се градежните активноси на изградбата на разделното зеленило на булеварот „Тодосија Паунов“.
Станува збор за изградба на разделно зеленило во должина од 1.350 метри. Изведувач на работите е фирмата „Примаградба“ Доо Штип.
Во периодот кој следува останува доуредување на зеленилото на дел од наведените површини од страна на КЈП „Водовод“.”
-информираат од општина Кочани.


