Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Виница Миле Петков, започна голема акција за чистење на сите поголеми депонии кои што се присутни со децении наназад на територијата на општина Виница.
Под мотото збогум на дивите депонии механизирани градежни екипи ќе го дислоцираат присутниот отпад на ваквите локации по што овие површини ќе бидат порамнети и зазеленети со природна вегетација.
“ Предизборните ветувања ги реализираме!
Во тек е чистење и дислокација на депонијата во с.Блатец, за 2 недели 3000м3 кубни отпад ќе биде отстранет, просторот ќе биде порамнет и озеленет.
Веднаш потоа следи отсранување на отпадот и озеленување на просторот на дивите депонии во с.Истибања и с.Виничка Кршла, како и санација на депонијата во с.Лески, за која како општинска депонија откако ќе биде подготвена целокупната потребна документација ќе биде затворена, отпадот отсранет, а просторот исто така уреден и озеленет.”
-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста.