“На денешната четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок за одржување итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од енергетската криза. Средба се бара да се реализира помеѓу членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата и претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.
Станува збор за голем проблем за кој градоначалниците веќе подолг период алармираат на повеќекратно зголемување на сметки за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата. Претставниците на ЗЕЛС побараа навремена реакција од Владата за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на јавните претпријатија и образовните институции.
На состанокот се дискутираше и за општата финансиска состојба на општините, каде ЗЕЛС уште еднаш го потврди ставот дека за поголема финансиска самостојност потребно е зголемување на средствата од дотации и поголем процент од персоналниот данок на доход како и данокот на додадена вредност.”
-сооптшение упатено до јавноста од страна на Данела Арсовска- Градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС.


