На вчерашниот состанок во Прилеп на претставниците на земјоделските здруженија од поширокиот регион беше одлучено дека во петок на 12.07.2021 година ќе се одржи предупредувачки протест во Прилеп со барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и владата за исплата на сите заостанати субвенции, мерки и подмерки како и ветената помош од ковид мерките за лозарите и тутунарите.
Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено во јавноста од страна на иницијаторите на овој протест:
“Почитувани земјоделци.
По вчера одржаниот состанок на Земјоделски здруженија и нивни преставници е одлучено на ден 12 07 2021 година да се одржи предупредувачки ПРОТЕСТ во Прилеп.
Барањата кои ги упатуваме до надлежните институции се веднаш исплата на сите заостанати субвенции, мерки и подмерки ковид пакетите за лозарите и тутунарите.
За ова и во писмена форма ќе бидат известении владата и МЗШВ.
Исто така на средбата беше повторно актуелизирана лошата состојба на земјоделците во сите сектори и немајнето на јасна визија и стратегија и целокупно отсуство на аграрна политика во државата.
Имајќи предвид дека сеуште ги трпиме последиците од ковид кризата бараме за оваа тековна година владата како една од мерките кои треба под хитно да ги преземи е ослободување на земјоделците од закуп на државното земјоделско земјиште, ослободување од пашарина, ослободување од давачки за одводнување и наводнување како и иземајне на даноци кој по разни основи ги оптеретуваат земјоделците. Доколку надлежните и понатаму не ги исполнат нашите барања ќе пристапиме во организација на масовни земјоделски протести и испрајќајне на писма до странските амбасади во државата со цел да ги запознаеме со каква ситуација се соочуваме како сериозно бројна категорија во општеството.
Со почит.”


