Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски за првпат како никаде на друго место во државата, започна акција за најдиректна соработка со жителите на општината. Како во ниедна друга општина жителите на општината Лозово ќе бидат посетени во нивните домови од страна на тимови од службеници од општинската администрација со цел за поуспешно креирање на општинскиот буџет за наредната 2023 година во целосна функција прилагоден за потребите на самите граѓани. Нема граѓаните да одат во општината туку општината ќе оди кај граѓаните какјо вистински сервис на потеебите на самите граѓани.
“Денес, заедно со Општинската администрација започнуваме со акцијата: “Граѓаните креираат БУЏЕТ”
Како што ветивме во кампања, истото го спроведуваме и на дело.. Пред вас граѓаните го спроведуваме концептот на одговорно работење и подготвеност да излеземе во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на проблемите кои се во домен на Локалната самоуправа.
Ако во минатото се случувало при посета на општинската зграда да наидете на заклучена врата(кодирани брава за влез) денес, Вратата на Општина Лозово Ви е широко отворена, за секој да може да влезе и преку директен контакт да помогне во обезбедување на информации кои ќе придонесат во зголемување на ефективноста и одговорноста на локалната власт во нивното работење..
Во периодот што следи, заедно со Тимовите од општинската администрација ќе ги посетиме вашите домови со цел да дадете ваши идеи, сугестии и предлози при проектирањето на новиот буџет на општина Лозово, односно вие граѓаните ќе учествувате директно во донесувањето на одлуки за прашања кои се од суштинско значење..
Да работиме заеднички на спроведување на една од најдобрите светски практики за подобрување на распределба на локалните буџетски средства.
По принципот на партиципативно буџетирање сите граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето на одлуки за намена на општинските финансии.
На тој начин, граѓанинот ке го добие местото што го заслужувал отсекогаш.
Тој е централна клетка од која поаѓаат и се разменуваат информации преку креаторите на локалната политика и корисниците на услугите.
Јас како Градоначалник заедно со општинската администрација ќе се потрудам се што е во рамките и надлежностите на општината да оствариме и реализираме со цел да го подобриме квалитетот на живеење..
За се она што ке биде реализирано како проект, граѓаните на најтранспарентен начин ке можат бесплатно да пристапат кон информациите за донесените сите одлуки, акти и буџет.
Директно од терен ќе побараме од вас:
Сугестии
Предлози
Идеи
п.с.Продолжуваме и во иднина да градиме транспарентна и отворена релација со сите граѓани на Општина Лозово.”
-информираше градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.