• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Живот во време во кое власта на Зоран Заев брои гласови врз основа на инструменти на моќ на државните ресурси

јануари 16th, 2020 Македонија коментари 828

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Живот во време во кое власта на Зоран Заев брои гласови врз основа на инструменти на моќ на државните ресурси

Зоран Заев и СДСМ по сите турбуленции кои ги предизвикаа во државата во изминатите 5 години, деновиве се исправени пред нов нивен предизвик.

Оваа нова фаза на активности на партискиот конгломерат на политички активисти и активности што работи во корист на СДСМ воспоставува нови механизми на влијание за модерирање на правото на глас на Македонските граѓани.

Видовме пред нова година дека од позиција на апсолутна власт во државата Зоран Заев преку неговата скапо платена (со народни пари) пропагандна машинерија глуми постојана опозиција и недоветност во поглед на процесите на државата за кои најдиректно се одговорни тој и неговите министри.

Во обид да ја префрли вината на сосема друго место со разно разни механизми својствени за едно друго време се обидува да ја искривува вистината на секој чекор, раководен според неговото единствено мото што го знае дека лага повторена 100 пати може да се земе за вистина.

На националните телевизии со прескапо платени секунди за промотивни спотови на власта, СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да ловат во матно.

Или барем така изгледа?

На терен во рамки на својата кампања на “Прав пат”, пред новогодишните празници СДСМ и власта доживеа силен шамар од народот, препуштајќи ги партиските активисти и клиенти за вработување да бидат единствена публика на моментите за глорификација на ликот и делото на Зоран Заев.

Но заборава дека од другата страна “корисниците” на ваквите негови пропагандни услуги се научија на ваквата негова “стручност” и глумење наивност и неинформираност. Дополнително против шансите на Зоран Заев по втор пат да ги превесла граѓаните на Република Македонија е катастрофалната состојба во која се наоѓа граѓанинот кој од просечност, почна да живее во мизерија како последица на лошите политики на власта.

Со исклучок на ограничен број на луѓе во државата кои што по различна основа имаат примено мито во различна форма (дали преку вработување, тендер, фонд за иновации, социјална помош, грант итн.), на остатокот од граѓаните во Македонија целосно им е јасно каде се наоѓаат причините за поколниот пат надолу низ ридот на државата, по сите основи. А најмногу пред очите на историјата.

Секако тука треба да се споменат и оние граѓани кои се уште не добиле ништо како мито од власта на Зоран Заев а се излажани дека ќе го добијат својот дел од колачот од оваа т.н. “ЌЕ” влада. Токму овие граѓани се далеку во поголем број од оние кои ги имаат наплатено своите “гласачки услуги”од Зоран Заев.

И овие мнозинство граѓани се веќе на раб на својата толеранција и бараат брзи и радикални промени по однос на квалитетот на нивниот живот во државата.

Сите овие групи на граѓани може да се согледаат и на некои од порелевантните анкети кои беа спроведени во изминатиот период.

Некаде околу 30% проценти од партиски неопределеното гласачко тело во Македонија “лебди во воздух” и “гледа сеир” пред да го зададе конечниот удар на “империјата” на Зоран Заев.

Деноминацијата на традиционалните вредности со кои живеел Македонскиот народ на овој простор од памтивек, е она нешто што во основа го направи и се уште го прави Зоран Заев, обидувајќи се да го избрише кодот на Македонскиот народ кој се состои од милосрдие, пријателство, соживот… заедништво.

Да!

Поделбата на граѓаните по разно-разни основи е она што особено добро го прави Зоран Заев со надеж дека преку механизмите на контрола кои му стојат на располагање на СДСМ интегрирани во инструментите на моќ и влијание во државата, ќе успее да преброи доволно гласови на претстојните избори за повторно да се наметне како релевантен политички фактор за преговори за создавање на нова влада со потенцијални коалициски партнери.

Сведоци сме дека сите погубни сценарија кои се рефлектираа врз грбот на граѓаните на Република Македонија во изминатите повеќе од две ипол години се релативизираат, забошотуваат а фактите и вистината намерно се наведува во сосема ирелевантни циклуси на политичка дебата од која на граѓаните им е преку глава.

Токму пасивизацијата на незадоволните граѓани е главното оружје на кое што смета актуелната власт при онаа претходно спомната пресметка на гласачко тело која толку многу грижливо ја работат во штабот во СДСМ.

Оттука ќе издвојам неколку доминантни таргет групи на граѓани како и инструменти на влијание преку кои Зоран Заев се обидува да се одржи на влст по секоја цена:

-Администрацијата

Од позиција на власт која што (според доктрината на СДСМ од 2014-2015 година) претходно пренатрупаната администрација со доаѓањето на власт на Зоран Заев дополнително ги збогатија бројките на јавната администрација. Притоа не подобруваќјќи ги суштински квалитетот на услуги само направија квантитативно добројување во државниот административен апарат.

Политика на Зоран Заев и Дамјан Манчевски беше (и се уште е) да не се пресметуваат со оние неистомисленици кои работат во државната администрација, за кои претходно кога беа опозиција жестоко ги напаѓаа. Главна причина за тоа е механизмот за контрола кој им стои на располагање над овие граѓани кои се огромна бројка во државата. Оттука кога велам закани, уцени и притисоци мислам токму на овој механизам кој самите граѓани со пари на сите граѓани си го купуваат во вид на плати за да го преживеат месецот и да си ги платат кредитите во кои се заглавени во изминатиот период.

И оттука целта е за ден на избори да може да се контролира излегувањето или неизлегувањето на администрацијата пред се да гласаат преку незаконско вршење на притисок и закани од страна на претпоставените во институциите. Особено ако таквите припадници на администрацијата се јавно декларирани симпатизери или членови на некоја политичка опција различна од владеачката.

Дополнително злоупотребата на јавната администрација од страна на партиски активисти оди и на едно друго ниво.

Имено од добро информирани внатрешни партиски извори во СДСМ дознаваме дека сите општински организации имаат добиено насока од централата на СДСМ во Скопје во која активистите и функционерите на владеачката партија платени на раководни функции од државата, со пари на граѓаните идентификуваат граѓани (не само во администрацијата туку и пошироко) и ги агитираат во неколку слојна кампања преку која

– се афирмираат достигањата на Зоран Заев во изминатите две ипол години власт- главно со непроверени и манипулативни информации;

– се идентификуваат потребите на секој граѓанин во неговото секојдневие како можни точки на нудење поддршка и помош од страна на институциите контролирани од СДСМ;

– се ветува се и сешто за граѓаните на индивидуална база главно преку ресурси од државата во функција на корумпирање на гласачкото право на Македонскиот народ во корист на СДСМ.

-Социјално ранливите категории

Преку разно-разни инструменти на купување на “милоста” на ранливите категории на граѓани кои многу често се на ниско образовно ниво или во немоќ на следење и донесување на сопствена вистинска релевантна перцепција во однос на политичките понуди на различните политички опции, власта со злоупотреба на истите влијае врз политичкиот избор кај ваквите лица.

Дополнително во прилог на актуелната власт предводена од СДСМ по однос на ова прашање е развиената инфраструктура на граѓански организации кои што се наклонети а некои од нив потекнуваат и се под влијание на лица од СДСМ кои се занимаваат со ранливи категории на граѓани како таргет групи во својот делокруг на работа.

Така овој маскиран граѓански апаратус станува продолжена рака на СДСМ во остварување на своите политички интереси преку победа на избори.

Воедно наспроти ваквите инструменти на влијание на СДСМ немаат свој пандан во ВМРО-ДПМНЕ од спротивната страна, најмногу поради поинаквото ниво и перцепција на поимање на граѓанското општество и демократските капацитети од страна на актуелната опозиција.

-Полициско- разузнавачките структури

Во предизборниот период исходот на изборите во голема мера зависи од наклонетоста на полициско-разузнавачките структури кои преку разно-разни свои методи можат да влијаат или во полза или контра одредена политичка структура, зависно од интересите на поединци вклучени во полицијата или разузнавањето.

Формирањето на техничката влада и поставувањето на врвниот професионалец Наќе Чулев на чело на МВР е во функција на оневозможувањето на овие параполициски структури да дејствуваат во корист само на СДСМ.

И оттука се разбирливи заканите за кривични пријави против Наќе Чулев од страна на неговата заменичка од СДСМ.

Сеењето на страв секогаш било едно од главните орудија на СДСМ во борбата за останување на власт.

Токму овие три сектори покрај секторот финансии и земјоделие во државата не случајно беа идентификувани како клучни во институциите кои можат да влијаат врз парламентарните избори.

Тука секако може да се вбројат и

судско-обвинителските институции

со нивните поединечни претставници кои настрана од законски доверениот мандат за кој се платени од граѓаните можат да ги злоупотребат своите позиции и информации во корист на одредена партиска структура.

Во изминатите години на кревка Македонска демократија и поделба на инструментите на власт како и развој на концептот на граѓанско општество, Македонскиот граѓанин беше соочен со разно-разни политички предизвици во намерите кому да го доделат својот ценет глас.

Имаше обиди и за окрупнување на т.н.

трета опција

која редовно завршуваше претопена во останатите два крупни политички блокови проследено со коруптивни индикатори во однос на таквите поединци кои добиваа мандат за претставник на тој трет блок.

Дополнилно може да се заклучи дека во актуелните Македонски премрежја на целокупниот деструктивизам на актуелната власт предводена од СДСМ по однос на Македонските национални интереси, забележливо е дејствување на т.н. политички мегафони кои што се претставуваат како т.н. трета Македонска национална опција, своето дејствување во доминантна мера го имаат вперено контра ВМРО-ДПМНЕ.

Не треба човек да биде голем политички мудрец за да заклучи дека оваа групација на поединци кои немаат никаква поддршка на терен од страна на Македонските граѓани а од друга страна ги имаат запоседнато социјалните мрежи во извесна мера со својот активизам, се спонзорирани од непознати извори на финансирање. За некој да стои пред компјутер и постојано да шири политичка реторика против опозициската ВМРО-ДПМНЕ подолг временски период, таквиот човек или нема подобра работа или е дебело платен за својот ангажман. Флоскулата дека работат за Македонските национални интереси паѓа во вода затоа што со ваквото ширење пропаганда единствено против ВМРО-ДПМНЕ, всушност работат во интерес на човекот кој што го промени името на државата, овозможи штетни договори со Бугарија и Грција но и ја опустоши Македонската економија, ги девастираше Македонските државни институции и на крај на краиштата ги подели граѓаните со длабок јаз на политичка непремостливост и нетрпение.

Па затоа во претстојниот предизборен период Македонскиот народ е исправен пред своевиден нов предизвик да ги препознае вистинските борци за Македонските национални интереси, кои што силно и успешно можат да се спротивстават на штетните политики на Зоран Заев, притоа нивниот глас да биде во функција на општото добро на сите граѓани на Република Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Гоце Марков: За Македонија и Македонците
Следна објава Ова се сликите од блесокот на Зоран Заев
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 526
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 523
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 503
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 396
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 543
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1223
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1342
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 583
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201734
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.